Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Полицијата влезе во домот на Груби

Полициски службеници од утрово вршат претреси на повеќе локации поради постоење сомнежи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полициски службеници од утрово вршат претреси на повеќе локации поради постоење сомнежи за сторен организиран криминал во Државната лотарија, пренесуваат дел од медиумите. Според нивните информации, претрес е извршен и во домот на поранешниот вицепремиер Артан Груби, како и кај поранешниот директор на Лотарија, Прпарим Бајрами. И двајцата не се пронајдени во нивните домови.

Од МВР официјално не соопштија детали за ваквите наводи, но Груби доцна синоќа се огласи на својот фејсбик-профил за шпекулации ги оцени информациите што од вчера попладне се шират во јавноста оти тој избегал од земјава.

„Денеска патував за приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување“, пишува Груби во објавата.

Реклама

Тој додава и дека веднаш штом ќе ги заврши обврските за кои отпатувал ќе се врати дома. Инаку, како што информираат медиумите, постојат сомнежи дека Бајрами уште од пред неколку месеци се наоѓа во Косово.

При претресот во домот на Бајрами, полицијата нашла и запленила готовина од околу 50 илјади швајцарски франци. Се очекува, како што велат дел од медиумите, Министерството за внатрешни работи да издаде потерници за Бајрами и Груби.