Реклама

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

Прилози

🎥 Полицијата конечно тренира строгост, но сега кон себе: За само седум месеци трипати повеќе полицајци се пред дисциплинска

Конечно ред и контрола во редовите на полицијата. МВР и секторот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Конечно ред и контрола во редовите на полицијата. МВР и секторот за внатрешна контрола, по доаѓањето на министерот Тошковски ги стегнале неодговрните полициските службениците кои не си ја вршат својата работа или ја злупотребуваат значката, покажува статистиката. Последнава година дена, има двојно, па и тројно повеќе дисциплински постапки против полијаците, за разлика од периодот кога кормилото на МВР го водеше екс министерот, Оливер Спасовски.

За само седум месеци оваа година, трипати повеќе полицајци се нашле пред дисциплинска, односно поведени се 433 постапки, против 104 полицајци, а лани имало 673 постапки против 90 службеници. За разлика од последниве 18 месеци, во 2018, па се до 2023, на годишно ниво има само неколку десетици полицајци коишто одговарале пред комисија.

Статистички податоци за работата на Одделот за внатрешна контрола

Реклама

                                    2018    2018     2020     2021    2022   2023  2024   до јули 2025

Кривични пријави         15          15     19          17       17      12         37       39

Кривично пријавени лица 19      10     29        43       29        19        90       104

Поведени

дисциплински постапки 338      334   388       307     468       451      673       433

За читање телопот што ќе го чита друг новинар. Ланската година покренати се 673 дициплински постапки против 90 полициски службеници. Во 2025 година заклучно со 31.07., односно за седум месеци покренати се 433 постапки против 104 службеници.

Последно, сунспендиран е началникот на Демир Хисар поради неговото однесување при претресот на директорката на тамошната гимназија. Во последен период дисциплински постапки за службениците на МВР се отвараат без разлика кој од каде доаѓа и на која партија припаѓа. Јавноста исто така ги памети казните на полицајците за пропуштањето на „свадбарската делегација“ на спикерот Африм Гаши како и за обезбедувачот на првиот парламентарец поради инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром.

И покрај овие бројки и резултати на внатрешната контрола на МВР, опозицијата постојано бара оставка и разрешување на министерот Тошковски обвинувајќи го дека не работи законски и ги штити началниците поставени во негово време.