Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Прилози

Погрешно е очекувањето дека ако се намалат функционерските плати ќе се зголемат тие во јавниот сектор, вели Битиќи

Ќе се намалат ли платите на функционерите со новото прекројување на државната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе се намалат ли платите на функционерите со новото прекројување на државната каса? Вицепремиерот за економски прашања вели дека се работи за намалување на платите, а буџетот за наредната година е адаптиран според постоечките закони. Пари за зголемените плати од 78% има.

Евентуалното намалување на функционерските плати не значи зголемување на платите во јавниот сектор. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи порача дека ваквото толкување е погрешно и очекува набргу пред Владата да има предлог од работната група што треба да понуди решение за интервенции на платите на функционерите, чие зголемување за 78% од март годинава предизвика бура реакции од јавноста и низа протести за зголемување на примањата на работниците.

  • „Во однос на тоа кога би се намалиле платите на функционерите имајќи предвид дека дел од јавниот сектор штрајкува и е во очекување на намалување на парите на функционерите за да се зголемат нивните пари, тоа е погрешно очекување и некој едноставно сака да креира такво очекување. Кое било намалување, ако има намалување, нема да биде доволно за да се покрие евентуалното зголемување на 135 000 вработени во јавниот сектор затоа што зборуваме за 1260 избрани и именувани лица“, рече Битиќи.

Кое било намалување, ако воопшто го има, нема да биде доволно за да се покрие евентуалното зголемување на 135.000 вработени во јавниот сектор, додаде Битиќи, и потсети дека 78% повисоки плати земаат 1.260 функционери.

Реклама

Работната група има одредени предлози, се уште се обидува да ги хармонизира со сите засегнати страни, додава вицепремиерот, оти како што нагласи, евентуалното намалување кај платите на избраниците се прави преку седум законски решенија.

Инаку, во изминатиот период само во Скопје се одржаа еден куп протести на вработените во државната администрација кои бараат повисоки плати. Од синдикалните организации по кој знае кој пари побараа зголемување на примањата на работниците, по примерот на платите на функционерите.

Борис Грујоски