Реклама

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Прилози

Погребот на папата Франциск закажан за в сабота

Светот се простува од поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск. Тој во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Светот се простува од поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск. Тој во сабота, 26 април, ќе биде испратен во вечното почивалиште. Посмртните останки се изложени во ковчег во резиденцијата „Санта Марта“, објави Ватикан. Во среда ќе бидат префрлени во базиликата „Свети Петар“ каде верниците ќе може да му оддадат последна почит.

– Слетавме во неделата и бевме шокирани во понеделникот утрото кога дознавме дека Папата почина преку ноќ, или претпоставувам тоа утро. И бевме многу тажни, и дојдов да дадам почит пред да заминаме во другите делови на Италија кои ќе ги посетуваме – вели туристка во Рим

– Има направено многу добри дела за црквата и луѓето и го промени начинот на кои ги гледаат американските католици и многу ми е жал за неговата смрт – вели турист во Рим

Реклама

– Навистина чуствувам тага, затоа што беше многу важна личност, остави голем траг не само за католиците, туку за сите луѓе – вели турист во Рим

Според тестаментот што папата го направил пред три години, тој сака да биде погребан во базиликата „Санта Марија Маџоре“, наместо во базиликата „Свети Петар“ каде што почиваат повеќето негови претходници.

– Како што чувствувам дека се приближува самракот на мојот земен живот и со цврста надеж во Вечниот живот, сакам да ги изразам моите последни желби во врска со моето погребно место… Гробницата треба да биде во земја; едноставна, без посебна орнаментика и само со натпис: Франциск – пишува во тестаментот на папата Франциск

Кардиналите пристигнуваат во Ватикан на прв состанок по смртта на папата.

– Спротивно на она што го велат некои луѓе, можам да кажам дека тој имаше инстинктивна чувствителност кон современата култура. Тој беше многу внимателен, на пример, на проблемот со културата на жените и младите, на науката – вели кардиналот Џанфранко Раваси

На погребот присуство најавија американскиот претседател Доналд Трамп, претседателот на Украина Володомир Зеленски како и францускиот претседател Емануел Макрон.

Папата Франциск почина вчера на втор ден Велигден од мозочен удар и срцева слабост на 88-годишна возраст. Претходно пет недели беше во болница поради двојната пневмонија.

Папата Франциск беше во историска посета на Македонија во 2019 година и стана првиот поглавар на Римокатоличката црква кој ја посетил земјава.

Давид Крстевски