Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Економија

Поголем економски раст преку диверзификација на производството и извозот

Во нестабилни глобални услови како сегашните, Македонија треба да се потруди да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во нестабилни глобални услови како сегашните, Македонија треба да се потруди да го диверзифицира производството и извозот. Ова во услови на криза која го демне автомобилскиот сектор е патот кој кој на краток, или среден рок би гарантирал стабилност но и иден развој на македонската економија. Дел од аналитичарите апелираат до Владата да го следи примерот на Обединетите Арапски Емирати кадешто неодамна владината делегација беше во посета. Велат токму оваа држава била пример како со извори на финансии од само еден ресурс, можат да се поттикнат повеќе области и долгорочно да се планира развојот.

Светска Банка во последниот извештај го потенцираше токму тоа, дека во Македонија извозот се намалил посилно од увозот, бидејќи земјата го почувствувала влијанието на пониската побарувачка во Европската Унија, особено во индустријата за автомобилски делови. Очекувано било дека 2025-та економијата ќе има ограничен раст, поради ризиците однадвор и увезената инфлација. Пекевски смета дека опасноста на која би биле изложени државите поради царините наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп сепак нема да има толку големо влијание врз економиите.

Светска банка нотира во последниот извештај дека растот бил придвижен од инвестициите, поддржани од изградбата на автопатишта, што не било случај во 2023-та година. Македонските аналитичари бараат побрзо завршување на проектите и инвестиции во иновации и проекти кои носат додадена вредност. Во извештајот се наведува дека невработеноста се намалила и дека реалните плати растат и покрај ограничувањата на продуктивноста и недостатокот на работна сила. Светска банка очекува раст од 2,6% годинава и апелира да се консолидираат фискалните политики пред големите исплати на Еврообврзницата што доспеваат во следните три години.