Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Економија

Поголем данок за постара кола

Дали повисокиот данок за постари коли ќе го намали загадувањето или само…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали повисокиот данок за постари коли ќе го намали загадувањето или само ќе го наполни буџетот? Министерката за финансии уверува дека целта не била да се соберат повеќе пари од граѓаните туку да се влијае на подобрување на состојбата на возниот парк. Се уште нема анализи колку пари ќе се соберат со повисоките даноци за постарите коли. Не е утврдена ни новата стапка.

– Станува збор за комплетно нов закон, кој системски адресира одредено прашање, неселиктивно, односно зборуваме за закон на кој работеше Министерството за финансии и Царинската управа и кој треба да стапи во сила од 1 јануари. Првпат имаме ваков закон што воведува еколошка компоненета и кој вели оние што загадуваат помалку ќе плаќаат помал данок, оние што загадуваат повеќе ќе плаќаат поголем данок. Претходно тоа се нарекуваше акциза и беше регулирано во Законот за акциза и сега тоа повеќе не е таму регулирано имаме нов закон за моторни возила по примерот на развиените земји, рече минситерката за финансии Нина Ангеловска.

Такси превозниците велат дека не биле консултирани. Најмногу нејаснотии имаат околу процентот на поврат. Апелираат во иднина да ги известат кога се прават промени во законите од кој зависи нивното работење.

Реклама

– Како прво ние ниту сме консултирани, ниту пак известени за новите измени што се највени дека ќе стапат во сила за многу кратко време. Би апелирала ако може пред било која измена да се направи во законот да бидеме исконсултирани. Не е добро објаснето што се тие 25 отсто ако е целокупно на данокот е добро, но ако е за акцизата не сум сигурна како тоа би помогнало, вели Донка Лазаревска од асоцијацијата на такси превозници.

Од идната година се предвидува при увоз на постари возила кои загадуваат повеќе да се плаќаат повисоки давачки. Газдите на плацеви за половни автомобили тврдат дека ваквата мерка нема да помогне да се обнови возниот парк и за намалување на загадувањето, а може само да го зголеми трошокот за граѓаните.

Минатата година беа увезени 37.000 возила. Од нив 88% биле употребувани со просечна старост од над 10 години, при што од оваа категорија речиси 90% биле дизел возила.

Борис Грујоски