Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Поевтини услуги во зимскиот период – угостителите во Охрид со нова стратегија

Охридските угостители во обид по теркот на развиените туристички дестинации да направат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охридските угостители во обид по теркот на развиените туристички дестинации да направат пресврт и со воведување на реални зимски цени, да привлечат гости и кога градот е празен. Во дел од угостителските објекти цените на услугите веќе се намалени за 20 %.

„Мислам дека воглавно сите објекти се трудат да имаат различни цени во смисла на попусти 20, 30 % има скоро во сите објекти колку што знам. Сите тие работи што се овде малку поскапи како кирија, плати, сето тоа мора да го вкалкулираш во цената. Во секој случај, на периферија на Охрид има пониски плати за разлика од центарот, само на платите на вработените“ – вели Игор Целески, менаџер на угостителски објект.

Додека европските туристички центри одамна ја научија лекцијата дека туризмот не смее да трае само во лето, Охрид се бори со старите навики – исти цени без разлика дали градот е полн во јули или чмае во февруари. Пониските цени во зима не значат загуба, туку можност за поголем број гости, подолг престој и град што не замира по завршувањето на летото. Но угостителите имаат свое видување за ценовната политика која ја водат кај нас.

Реклама

„Природно е да има поскапување бидејќи стандардот во однос на платите се покачи и во однос на набавката на суровини и сите други работи веќе е покачена. Кажуваат дека Охрид во некои сегменти е скап, што не се сложувам бидејќи во Охрид има објекти во кои можете многу добро да поминете со прилично добри цени“ – вели Рашид Муса, сопственик на угостителски објект.

Згора на сè, од 1-ви март стапува на сила законот за пушење. Угостителите со поделени мислења околу тоа како ќе се одрази неговото имплементирање.

„Сигурно ќе се одрази бидејќи гледаме со самите резервации кои ни доаѓаат, 45 % од барањата се за соби со услови дали може да се пуши или не“ – вели Муса.

„Сметам дека би бил добар за сите гости затоа што, посебно странците во сезона, премногу реагираат на тоа. Доколку биде секаде испочитуван законот, за угостителството ќе биде подобро“ – вели Целески.

Угостителите сепак сугерираат спроведувањето на законот за пушење да се пролонгира барем до месец мај, за да можат да се подготват, оти никој не смее да се чувствува дискриминирано, ни пушачите ни оние кои не консумираат тутун.