Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

Подотовки на ДПД Кочани за „Kochani Fire Challenge 2026“ – пет години ентузијазам, посветеност и доброволна служба

Доброволното противпожарно друштво од Кочани ги започна подготовките за oвогодишното издание на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доброволното противпожарно друштво од Кочани ги започна подготовките за oвогодишното издание на „Kochani Fire Challenge 2026“, кое ќе се организира по повод малиот јубилеј – пет години од формирањето на друштвото, прво во регионот.

Минатата година настанот се одржа на СРЦ „Бавчалук“ во Кочани и привлече голем број учесници, доброволни противпожарни друштва и посетители од Македонија и опкружувањето.

Преку повеќе натпреварувачки дисциплини и показни вежби, учесниците ги демонстрираа своите вештини, физичка подготвеност и тимска работа.

Реклама

Во изминатите пет години години, активностите на „Kochani Fire Challenge“ се одржуваа на повеќе локации во градот, во Паркот на Револуцијата, просторот кај Градскиот трговски центар, кругот на Територијалната противпожарна единица, Споменикот на слободата, како и во коритото на Кочанска Река, каде беа организирани различни показни вежби и активности.

Посебен белег на настанот е вклучувањето на најмладите. Во дел од активностите учествуваа и ученици од основните училишта од Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево, кои преку едукативни и практични содржини се запознаа со основите на противпожарната заштита и значењето на доброволното пожарникарство.

Организаторите од ДПД Кочани најавуваат дека и ова јубилејно издание ќе понуди богата програма, со цел промоција на доброволното пожарникарство, размена на искуства и подигнување на свеста за заштита и спасување.