Реклама

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Македонија

Поднесено обвинение за несреќа со загинат работник на сепарација на Вардар

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против еден осомничен од Неготино…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против еден осомничен од Неготино за тешки дела против општата сигурност од член 292 став 2 во врска со член 288 став 2, а за предизвикување општа опасност од член 288 став 5 во врска со став 2 одговорност се бара и од правното лице каде сопственик и управител е обвинетиот.

Обвинителството, како што информира, водело истражна постапка за настан од 21.07.2021 година кога обвинетиот управител и правното лице, при извршување работи на сепарација на реката Вардар, воопшто не постапувале според прописите и мерките за заштита, го прекршиле Законот за работни односи и Законот за безбедност и здравје при работа, а како последица еден работник го загубил животот, додека друг се здобил со телесни повреди.

-Без да склучи договор за вработување, без воопшто да провери дали оштетениот ги исполнувал условите за работа, како и без да му овозможи услови за безбедно извршување на работните задачи, управителот го ангажирал сега починатиот Петар Мицев и му овозможил да управува тешко моторно возило – камион на сепарацијата, без да провери дали тој има соодветна возачка дозвола за наведениот тип возило, се вели во соопштението од Обвинителство.

Реклама

На 21.07.2021 година оштетениот со камионот во сопственост на правното лице вршел превоз на песок од реката Вардар до сепарацијата кај местото викано „Пумпите“, а како совозач во камионот бил и другиот оштетен.

-Поминувајќи низ импровизирана патека, односно тесен насип од чакал на кој од двете страни било течението на Вардар, во еден момент камионот се превртел и паднал во реката. Совозачот успеал да излезе од прозорецот на возилото и да исплива на брегот, здобивајќи се со телесни повреди, додека возачот останал заробен под возилото и починал, информираат од Обвинителство.

Во текот на истрагата, јавниот обвинител обезбедил докази и против еден вработен во АД „Водостопанство на РСМ“ Подружница Тиквеш-Кавадарци, кој во својство на службено лице – оператор на главни испусти/затворачи и одговорен претставник на претпријатието бил присутен на сепарацијата и со свој службен потпис заверил повеќе испратници со невистинита содржина. Со тоа овој обвинет се товари дека сторил продолжено кривично дело – Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од Кривичниот законик.