Реклама

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

Македонија

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Кривична пријава заработија двајцата браќа од ромската националност, кои пред неколку дена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кривична пријава заработија двајцата браќа од ромската националност, кои пред неколку дена јавно се закануваа со убиства и немири доколку полицијата се обиде да ги легитимира или да им одземе возило поради непочитување на законските прописи. Пријавата ја поднел Независниот полициски синдикат.

„Очекуваме Обвинителството од Битола веднаш да постапи на истиот начин како што постапува против нас и уште утре да побара притвор за овие лица. Доколку ова не се случи во најкус можен рок, нека бидат сигурни дека нивното непостапување нема да остане незабележано“, велат од синдикатот.

Еден од пријавените се извини на социјалните мрежи за упатените закани. Тој неколкупати повторува дека таквото однесување нема да му се повтори.

Реклама

Подоцна следуваа и нови извинувања и покајанија од други учесници во протестите. Граѓани во Битола, Штип и Прилеп неделава во неколку наврати протестираа со блокади на патиштата, при што палеа гуми и дрва, реагирајќи затоа што им биле одземени возилата поради тоа што немале возачки дозволи.