Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

ПОДЕМ: Коњановски во вториот мандат ќе го пушти во употреба автопатот Битола–Прилеп

Во Битола се одржа масовна и инспиративна средба на членовите на Општинската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Битола се одржа масовна и инспиративна средба на членовите на Општинската организација на ПОДЕМ со заедничкиот кандидат за градоначалник д-р Тони Коњановски, заменик-министерот за финансии проф. д-р Николче Јанкуловски и кандидатите за советници Александар Цветаноски и Златко Лозановски, предводени од носителот на листата проф. д-р Филип Поповски, се вели во соопштението од ПОДЕМ. 

Во своето обраќање, д-р Тони Коњановски истакна дека континуитетот во реализацијата на проектите е клучен за стабилен развој на општината. „Во изминатиот мандат покажавме дека можеме да реализираме значајни инфраструктурни и општествени проекти. Со поддршката на граѓаните, ќе продолжиме уште посилно – со конкретни дела и видливи резултати“, порача Коњановски.

Заменик-министерот за финансии, проф. д-р Николче Јанкуловски, нагласи дека Владата преку Програмата за капитални инвестиции во изминатите две години обезбеди историска поддршка за Битола. „Само во рамките на двата јавни повика за финансирање на капитални проекти, Општина Битола доби поддршка за вкупно 81 проект, во вредност од над 15 милиони евра вкупно. Владата ќе продолжи да стои зад секоја општина што работи отчетно и проактивно, а Битола е пример за тоа. Заедно со Владата, во следниот период ќе го пуштиме во употреба автопатот Битола–Прилеп – стратешки инфраструктурен проект што ќе ја поврзе Пелагонија со остатокот од државата и ќе отвори нови перспективи за локалната економија и инвестиции.“

Реклама

Носителот на советничката листа, проф. д-р Филип Поповски, додаде дека коалицијата „За твоја Македонија“ има јасна визија за иднината на Битола. „Нашата цел е Битола да биде град што се развива рамномерно, со отворен дијалог со граѓаните и со транспарентно управување со јавните средства“, изјави Поповски

На средбата се обратија и кандидатите за советници Александар Цветаноски и Златко Лозановски кои ја  потврдија силната поддршка и единството на членството на ПОДЕМ Битола, со јасна порака дека континуитетот на успешните политики е патот кон развиена и современа општина.