Реклама

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Стоковна размена од 10,5 милијарди евра во првата половина од годината – Македонија го зголемува извозот

Мицкоски: Податоците на Еуростат ја демантираат опозицијата

СДСМ сега се исплашени од СДСМ: Од најголеми предавници еволуираа во најголеми патриоти

Рекорден број казни од „Сејф сити“ во јули – најмногу за брзо возење

Македонија доби грант од 149 милиони евра за пругата кон Бугарија

Мицкоски: Акумулациите се полни, подготвени сме за сите ризици, не размислување за поскапување на струјата

Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8, Македонија станува раскрсница на Балканот

Простор за паника нема – државната каса се полни со забрзано темпо

Македонија

Поддршка од Данска – идниот претседавач со ЕУ, за македонските евроинтеграции

Силна поддршка од Данска за македонските евроинтеграци – процесот да биде заснован…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Силна поддршка од Данска за македонските евроинтеграци – процесот да биде заснован на заслуги и копенхашки критериуми. Министерката за европски прашања Мари Бјере која е во официјална посета на Македонија истакна дека приоритетет на претстојното данско претседавање со Советот на ЕУ ќе биде проширувањето. Според неа, реформите кои земјава ги спроведува на патот кон полноправно членство во унијата се кредибилен сигнал за зрелост и посветеност. Данска е подготвена да ја зајакне билатералната и експертска соработка посебно во делот на реформскиот процес.

Моментумот за проширување апсолутно е тука и веќе сме негови сведоци, направен е прогрес и за Украина и за Молдавија, и сега со Албанија отвораме два нови кластера, еден сега, еден на есен, исто така имаме напредок и кај Црна Гора, кој не се случуваше долго време. Искрено да кажам дека моментумот е тука и ве молам да го зграпчите. И сега со нашето претстојно претседателство со ЕУ морам да ви кажам дека ние не можеме самостојно ова да го туркаме, ние сме тука конструктивно да работиме со вас, со Северна Македонија за да можеме заднички да видиме каде можеме да постигнеме напредок, во кои делови можеме да го оствариме напредокот, истакна данската министерка, додавајќи дека е видливо дека земјава има остварено голем напредок на патот до ЕУ.

Со унапредување на владеењето на правото, ефикасност на институциите и борба против корупција, Македонија доследно ја имплементира реформската агенда во рамки на Планот за раст на ЕУ. Министерот за европски прашања Муртезани, кој беше домаќин на Бјере е дециден дека  Македонија останува посветена на промените кои ќе донесат подобар живот и ќе не приближат до европското семејство, што е потврдено и со организацијата на Самитот на лидерите од Западен Балкан за Планот за раст, кој ќе се одржи во Скопје.

Реклама

Посебно ја цениме принципиелната определба на Данска дека проширувањето на Европската Унија мора да се води исклучиво според Копенхашките критериуми – објективни, мерливи и еднакви за сите. Во време кога процесот е изложен на притисоци и тенденции на билатерализација, токму овие критериуми се нашата заштита. Тие се потсетник дека европскиот пат не смее да се условува со прашања надвор од суштината на демократијата, владеењето на правото и функционалната пазарна економија. Веруваме дека под лидерството на една кредибилна земја-членка, како што е Данска, ЕУ ќе може појасно да го артикулира својот ангажман кон регионот и да покаже дека процесот е не само жив, туку и остварлив, рече Муртезани.

Средбата се одржа во контекст на подготовките за претстојното данско претседателство со Советот на Европската Унија, кое што започнува на 1 јули годинава. Во фокусот на разговорите помеѓу делегациите беа и билатералните односи и регионалните и геополитичките случувања.

Двајцата министри се согласија дека е клучно Европската унија да го задржи кредибилитетот и да ја зајакне поддршката за Македонија која се соочува со многу предизвици и блокади.