Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

Под слоганот „Идеали што градат иднина“ Македонија го празнува 11 Октомври – 85 години од народното востание

Република Македонија денеска одбележува 85 години од народното востание за ослободување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Република Македонија денеска одбележува 85 години од народното востание за ослободување на македонскиот народ и борбата против фашизмот кое почна во 1941 година во Прилеп и Куманово.  

Празникот годинава ќе биде одбележан со свечена академија во Куманово и доделување на истоимената награда во законодавниот дом во Скопје. 

Свечената академија по повод празникот ќе се одржи со почеток во 12 часот на Спомен костурницата во Куманово под слоганот „Идеали што градат иднина“ на која ќе се обрати претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Реклама
null

Во Скопје, во Собранието ќе бидат доделени годинашните награди „11 Октомври“. Наградата за животно дело во областа на културата и уметноста ќе му се додели на писателот проф. д-р Венко Андоновски.

Писателот Венко Андоновски е автор на драмскиот текст „Изрешетани души“ според кој годинава во Србија ќе биде изведен традиционалниот сценски настан „Големиот школски час“. Се работи за држав

За животно дело во областа на науката и образованието, наградата им се доделува на лигвистот проф. д-р Димитар Пандев, универзитетската професорка Ѓулумсер Касапи и на проф. д-р Владо Поповски, доктор по историски, политички и правни науки.

По повод празникот ќе биде положено и цвеќе на партизанските гробишта во Бутел, како и пред Спомен-костурницата во Куманово и спомениците на Методија Андонов – Ченто, Кузман Јосифовски – Питу и Могилата на непобедените во Прилеп. 

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во 10:00 часот во Прилеп, ќе положи цвеќе на спомен обележјата “Методија Андонов-Ченто”, “Кузман Јосифоски-Питу” и “Могила на непобедените”, а по официјалниот дел Николоски ќе даде изјава за медиумите.

Денешниот ден, согласно Законот за празници, е прогласен за неработен ден во земјава. 

На 11 октомври 1941 година, Првиот прилепски партизански одред го нападна полицискиот участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

Минувајќи го патот на својот повеќедецениски развој и растеж како дел од СФРЈ, а потоа и како самостојна држава, пребродувајќи го конфликтот во 2001 година, нашата држава денес е полноправна членка на Обединетите нации, членка на НАТО и очекува преговори за членство со Европската Унија.