Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Почнуваат Струшките вечери на поезијата

Струга ги отвори поетски порти, по 64 пат почнуваат Струшките вечери на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Струга ги отвори поетски порти, по 64 пат почнуваат Струшките вечери на поезијата.Годинешниот лауреат, словачкиот поет Иван Штрпка почестен што го добил ова престижно признание во интернационални рамки рече дека Македонија е држава која знае да ги почитува вистинските вредсности.

“И словачкиот и македонскиот јазик припаѓаат на исто јазично семејство во словенскиот свет и иако обично се вели дека и двата спаѓаат во групата на мали јазици,ова е  потврда дека нашите мали јазици создаваат значајни дела кои треба светот да ги види и вреднува уште повеќе бидејќи ние во никаква смисла не сме мали”-рече Иван Штрпка,лауреат на СВП

Значајни текстови и вредни дела од повеќе македонски поети се трајно врежни во мојата меморија,истакна Штрпка кому посебно му лежи на душа поезијата на големиот поет Матеја Матевски.

Реклама

“Верувам дека награда која ми припадна,да бидам лауреат на струшките вечери на поезијата ќе помогне уште повеќе и подлабоко да се зближуваме меѓусебно, бидејќи зближувањето на Македонија и на Словачка е неопходна во овој свет на разнишани вредности.Затоа мора заедно да се поддржуваме,бидејќи сме европејци и негуватели на културата-истакна Штрпка

Покрај луксузната монографија на лауреатот Иван Штрпка, која се објавува тројазично, ќе бидат објавени уште неколку значајни публикации.

“Она што можеме да го кажеме во врска со годинешниот лауреат  е дека е поет кој што успеал во својот живот да ги вкуси сите страни на битисувањето кога станува збор за поетското творештво.Бил и човек кој што е ценет, меѓутоа бил и поет кој што ја почувствувал репресијата на системот” –рече Никола Кукунеш директор на СВП

 Од 21-ви до 25-ти август ,градот на мостовите ќе биде центар на светската поетска сцена.Годинава чествуваат 70 поети од земјава и странство,а за прв пат покровител на манифестацијата е Претседател на државата, во случајов Гордана Силјаноска Давкова.