Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Почнуваат Деновите на германскиот јазик

Амбасадите на Австрија, Германија и Швајцарија од денеска заедно ќе ги организираат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадите на Австрија, Германија и Швајцарија од денеска заедно ќе ги организираат Деновите на германскиот јазик – едномесечна програма во Скопје, Тетово и Штип, која ќе опфати разновидни настани и активности посветени на германскиот јазик, културата и јазичната разновидност. Програмата ќе почне вечерва од 19.30 часот во „Roosty“ во Скопје, со квиз и караоке – вечер посветена на европските јазици. Ќе учествуваат специјални гости од домашната музичка  сцена. 

-Програмата во Скопје продолжува со час по готвење со амбасадорите на Австрија, Германија и Швајцарија за учениците од угостителско-туристичкото училиште „Лазар Танев“, како и со настап во живо на берлинскиот диџеј Ayū во Музејот на современата  уметност, во рамки на „Бела ноќ“ на 3 октомври. Ќе бидат прикажани и швајцарскиот  филм „Hallo Betty“ во Кинотеката, австрискиот филм „Moon“ за студентите на УКИМ,  како и германската продукција „Prange – Man ist ja Nachbar“, во присуство на актерот Божидар Коцевски, роден во Северна Македонија, кој живее и работи во Германија, соопштија организаторите. 

Дополнителни содржини во програмата ќе бидат  организираните обиколки на Скупи од  страна на Германскиот археолошки институт на 9 октомври, настапот на германската  стендап-комичарка Јана Џорџ, како и проект во Меморијалниот центар на холокаустот и работилница за театарски превод за студенти во „Јуроп хаус Скопје“.

Реклама

Деновите на германскиот јазик ќе може да ги проследи и публиката надвор од главниот град. Во Тетово ќе се одржат три настани: проекции на австрискиот филм „Moon“ и швајцарскиот филм „Hallo Betty“, како и стендап-комедија со Јана Џорџ. Покрај тоа, германскиот актер Божидар Коцевски ќе се врати во својот роден град Штип како специјален гостин на филмската вечер на Универзитетот во градот.

-Под мотото „Deutsch baut Brücken“ – „Германскиот јазик гради мостови“, програмата  обединува различни публики и формати, истакнувајќи го јазикот како средство за културна размена, средби и поврзување. Оние кои не зборуваат германски јазик ќе може да уживаат во музичките настани, да ги следат филмовите со превод и да учествуваат во одредени обиколки на Скупи на македонски и англиски јазик. Влезот за сите настани е бесплатен, наведуваат организаторите на Деновите на германскиот јазик.