Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Почнува судењето за таткото на Васил Јованов оти му овозможил на синот да вози без дозвола, иако свесен за неговото минато

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да започне судењето против Зоран…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да започне судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој во јануари годинава, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова на булевар „Партизански Одреди“, која почина на лице место.

Обвинителството го товари Зоран Јованов за кривично дело предизвикување општа опасност, бидејќи во периодот од ноември 2022 до јануари 2025 година му дозволувал на својот син, кој немал возачка дозвола, да управува возило, иако бил свесен за ризиците и претходните нарушувања на законот од страна на неговиот син.

Според Јавното обвинителство на Македонија (ЈОРСМ), 50-годишниот скопјанец со општоопасно дејствие предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, лекомислено сметајќи дека нема да настапат штетни последици.

Реклама

„Тој на својот син му давал да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека синот не смее да управува со автомобил бидејќи нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти, и тоа: едно кривично дело – сообраќајна несреќа со полесни последици во ноември 2022 година, 11 сообраќајни прекршоци (возење без возачка дозвола, возење под дејство на алкохол, непочитување на семафор и на пешачки премин) во текот на 2023 и 2024 година, како и кривично дело – сообраќајна несреќа со смртни последици на 29.01.2025 година“, се наведува во соопштението од ЈОРСМ.

Судот во Скопје на 13 мај му изрече казна затвор од 12 години на Васил Јованов, кој призна вина за сообраќајна несреќа во јануари, во која загина 22-годишната Фросина Кулакова. Судот му изрече и петгодишна забрана за управување возило и парична казна.

Како олеснителни околности беа наведени признанието и каењето, а како отежнителни – сериозноста на делото, претходна затворска казна за трговија со дрога и повеќе прекршоци во сообраќајот.