Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Почнува националната кампања „1 од 5 – Стоп за сексуалното насилство врз деца“

Националната кампања „1 од 5 – Стоп за сексуалното насилство врз деца“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националната кампања „1 од 5 – Стоп за сексуалното насилство врз деца“ почнува денеска на Светскиот ден за превенција од сексуална експлоатација, злоупотреба и насилство врз деца, со настан, кој ќе се одржи во „Europe House“. 

Настанот е организан во рамки на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, во партнерство со Комисијата за  спречување и заштита од дискриминација, Народниот правобранител на Македонија и со поддршка од Бирото за развој на образованието.

Кампањата е реализирана со согласност од Советот на Европа, а целта е да се зголеми јавната свест, да ги охрабри децата да проговорат и да им обезбеди на возрасните знаења и алатки за превенција и заштита.

Реклама

На настанот ќе бидат промовирани едукативни видеа, печатени материјали и постери адаптирани за локалниот контекст, наменети за деца, родители, старатели, наставници и  професионалци кои работат со деца. Материјалите ќе бидат дистрибуирани во училиштата,  градинките и јавните институции низ државата, а истовремено ќе бидат достапни и во  дигитална форма.

Обраќања на настанот ќе имаат Марција Палота, програмски офицер за владеење на правото во Делегација на Европската унија во Северна Македонија, Илбер Руфати, заменик-народен правобранител, Душан Томшиќ, претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Барбара Лигл, лидерка на компонентата за фундаментални и човекови права на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.