Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Почнува кампањата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас”

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со Министерството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со Министерството за внатрешни работи, почнува национална превентивна кампања насочена кон унапредување на безбедноста на пешаците во сообраќајот.

Кампањата ќе опфати низа активности, вклучувајќи едукативни содржини, јавни настани, работилници, медиумски пораки и теренски активности, со посебен акцент на правилното користење на пешачките премини, почитување на сообраќајната сигнализација и зголемување на вниманието во урбаните средини.

– Пешаците претставуваат една од најранливите категории учесници во сообраќајот, а статистичките податоци укажуваат на потребата од континуирана едукација, подигнување на јавната свест и зајакнување на одговорното однесување кај сите учесници. Со оваа кампања се стремиме да поттикнеме поголема внимателност, почитување на сообраќајните правила и меѓусебна толеранција помеѓу возачите и пешаците – велат од РСБСП. 

Реклама

Во рамките на кампањата ќе биде одбележана и Неделата на пешаците од 1 до 7 април, при што во соработка со МВР ќе бидат одржани превентивно-едукативни работилници со оваа категорија учесници во сообраќајот.

Од Сојузот апелираат возачите да ја приспособат брзината на движење, да покажат зголемена претпазливост во близина на пешачки премини и секогаш да им дадат предност на пешаците.

– Воедно, ги повикуваме пешаците да ги почитуваат правилата за безбедно преминување улица, да користат обележани премини и да бидат внимателни при движење, особено во услови на намалена видливост. Особено апелираме до пешаците да избегнуваат користење слушалки, мобилни телефони и други електронски уреди при движење и преминување улица бидејќи нивното внимание се намалува и се зголемува ризикот од сообраќајни незгоди – се вели во соопштението од РСБСП. 

Безбедноста во сообраќајот, велат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, е заедничка одговорност на сите нас.

– Само со совесно и одговорно однесување можеме да придонесеме кон намалување на сообраќајните незгоди и создавање побезбедна средина за сите граѓани. Да не заборавиме „СЕКОЈ ЖИВОТ Е ВАЖЕН“, потенцираат од таму.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, најавуваат, ќе продолжи активно да работи на унапредување на сообраќајната култура и заштита на сите учесници во сообраќајот.