Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Прилози

Почнаа разговорите Киев – Вашингтон во Саудиска Арабија

Делегациите на Соединетите Американски Држави и Украина ја започнаа средбата во Џеда,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегациите на Соединетите Американски Држави и Украина ја започнаа средбата во Џеда, Саудиска Арабија, соопшти утринава украинското Министерство за надворешни работи.

Украинскиот тим го претставуваат шефот на канцеларијата на Зеленски, Андриј Јермак, советникот за национална безбедност на земјата и министрите за надворешни работи и за одбрана. Дел од тимот на САД се државниот секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност Мајк Валц и специјалниот пратеник Стив Виткоф.

Пред средбата, шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак во објава на Телеграм соопшти дека украинската делегација е подготвена за клучните разговори со САД.

Реклама

„Нашиот тим пристигна. Се подготвуваме за работа. Бранејќи ги интересите на Украина и јасната визија за ставање крај на војната, ефективно ќе работиме со нашите американски партнери“ вели Андриј Јермак, шеф на кабинетот на Зеленски

Зеленски пред средбите рече дека се надева на „практичен резултат“ на разговорите, додавајќи дека украинската позиција ќе биде „апсолутно конструктивна“.

Американскиот претседател Доналд Трамп пак изрази верување дека разговорите ќе резултираат со „голем напредок“. Државениот секретар на САД Марко Рубио, кој е дел од американската делегација, вчера изјави дека на средбата во Саудиска Арабија претставниците на САД ќе очекуваат да слушнат какви отстапки е подготвена да направи Украина бидејќи, како што рече, нема да има прекин на војната ако двете страни не направат отстапки.

Русите не можат да ја освојат цела Украина, но исто така ќе биде многу тешко за Украина во разумна временска рамка да ги принуди Русите да се повлечат на нивните позиции од 2014 година. Нема да постигнете прекин на огнот и крај на оваа војна, освен ако двете страни не направат отстапки“ Марко Рубио, државен секретар на САД

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, соопшти дека Москва очекува САД да ја информираат за исходот од средбата со украинските претставници.

Давид Крстевски