Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Почнаа подготовките за новогодишно – божиќен базар во Куманово

Куманово годинава ќе има новогодишно – божиќен базар, во организација на Занаетчиската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Куманово годинава ќе има новогодишно – божиќен базар, во организација на Занаетчиската комора, Општината и Секторот за локален економски развој. Поставувањето на куќичките почна денеска. 

Претседателот на Регионалната занаетчиска комора, Агрон Фазлији,  информираше дека подготовките започнале со обезбедување на сите административни предуслови за организирање на настанот, имајќи предвид дека на градскиот плоштад подолго време немало слични манифестации. Со одлука на Управниот одбор, Комората обезбеди 13 дрвени штандови куќички наменети за локални занаетчии и креативци.

-Има голем интерес, а јавниот оглас веќе е затворен. Очекуваме разноликост во понудата, од рачни изработки и дела на ликовни уметници, до крофни, вино, греани чаеви и други производи кои ќе го надополнат празничниот амбиент, изјави Фазлији.

Реклама

Штандовите ќе се користат бесплатно, што претставува директна мерка за поттикнување на локалната економија. Овој пристап има за цел да им овозможи на занаетчиите и малите производители полесен пристап до пазарот и поголема видливост, без дополнителен финансиски товар. Фазлији изрази благодарност до Општина Куманово и градоначалникот, потенцирајќи дека добрата соработка, формализирана и преку меморандум за соработка, овозможила Секторот за ЛЕР навремено да ги подготви елаборатите и целокупната потребна документација, и покрај ограничениот временски рок.

– Ова беше брза одлука и краток период за подготовка, но институциите излегоа во пресрет на потребите на Комората. Верувам дека базарот ќе донесе позитивна енергија и ќе придонесе за создавање вистинска празнична атмосфера во градот за време на новогодишните и божиќните празници, изјави Фазлији.

Надлежните очекуваат новогодишно – божиќниот базар да стане симбол на повторното оживување на јавниот простор и пример за соработка меѓу локалната самоуправа и стопанските субјекти во интерес на заедницата.