Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Свет

Почна тридневниот прекин на огнот, засега мирно во украинските градови

Руското тридневно примирје, еднострано прогласено од Путин, стапи во сила наспроти годишнината…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Руското тридневно примирје, еднострано прогласено од Путин, стапи во сила наспроти годишнината од Денот на победата над фашизмот. Во исто време, рускиот претседател се среќава со меѓународните лидери кои пристигнаа во Москва за прославата, а чиј пристигнување беше отежнато поради воените операции меѓу Москва и Киев. Меѓу нив е и кинескиот претседател Си Џинпинг.

Часови пред примирјето, Русија изврши масовни напади во Украина. Зеленски го повтори дипломатскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот, истакнувајќи дека Русија не понудила никаков одговор, освен продолжување на агресијата.

„Ние не го повлекуваме овој предлог, што би можело да ѝ даде шанса на дипломатијата. Но, светот не гледа никаков одговор од Русија освен нови напади. Ова им става на сите до знаење кој е изворот на оваа војна“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Реклама

Вашингтон потврди дека Русија барала премногу во својата првична мировна понуда. Трамп, незадоволен од ситуацијата, истакна дека се приближува до точка кога ќе мора да донесе одлука.