Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Почна судењето на полицаецот кој беше дел од обезбедувањето на премиерот и е обвинет за оддавање службена тајна

Ангел Самараков, полицискиот службеник од Шестата управа која обезбедува ВИП-личности и кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ангел Самараков, полицискиот службеник од Шестата управа која обезбедува ВИП-личности и кој беше дел од тимот што го обезбедуваше премиерот Христијан Мицкоски, денеска седна на обвинителна клупа во скопскиот Кривичен суд.

Тој се изјасни за невин по обвинението за оддавање службена тајна на лице кое во постапката се води како сведок – Благоја Коруноски. Во воведниот збор обвинителката рече дека ќе докаже дека Самараков на 30 март 2025 година, околу 23 часот, на паркинг пред хотелот „Гарденија“ во Велес, како службено лице вработено во МВР, а од користољубие, на сведокот Благоја Коруноски му дал достапни службени документи на МВР кои се службена тајна, за сведокот тие документи да ги објави на социјалните мрежи. За тоа, Самараков требал од лицето Лелита Трајковска-Миленкова да наплати 50 илјади евра.

Неговиот бранител, пак, рече дека ќе го убеди судот оти неговиот клиент не ги сторил дејствијата опишани во обвинителниот акт, затоа што обвинителството користело докази што незаконски ги прибавиле и не може да се предмет на докажување во кривична постапка.