Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Почна снимањето на новиот македонски трилер „Голиот Рид“ во режија на Игор Алексов

– Официјално денеска започна снимањето на новиот македонски игран филм „Голиот Рид“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Официјално денеска започна снимањето на новиот македонски игран филм „Голиот Рид“, долгоочекуван кинематографски трилер со елементи на драма и хорор-фантазија.

Проектот се реализира во продукција на „City Star Production“, под режисерска палка на Игор Алексов, авторот на меѓународно признатиот филм „Лена и Владимир“ кој освои дури 96 награди и 46 номинации на престижни светски фестивали. Сценариото е дело на авторите Гоце Цветановски и Алек Русјаков.

„Голиот Рид“ е современ кинематографски трилер-драма со елементи на хорор-фантазија, кој ја брише линијата меѓу реалноста и имагинацијата. Приказната го следи враќањето на една мистериозна жена во нејзината родна куќа, по што ненадеен бран морничави смртни случаи меѓу локалната елита го принудува циничниот инспектор да открие застрашувачка тајна закопана цели 15 години.

Реклама

Како што информираат од продукцијата, актерската екипа создава вистинска синергија од водечките имиња од домашната, регионалната и меѓународната сцена. Главната женска улога ја толкува Анастасија Ласовска, а во главните улоги настапуваат и интернационално етаблираните актери Тони Наумовски и Симеон Мони Дамевски, заедно со Зоран Љутков, Стефан Вујисиќ, Филип Трајковиќ, Даниела Иванoска, Адем Карага, Златко Митрески, Александар Микиќ, Гоце Андонов, како и други популарни млади актери.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм, а се реализира во соработка со „Božinovski watch and jewelry“ и во меѓународна копродукција со OnBros од Косово и Red Production од Србија.

Снимањето на филмот ќе се одвива на неколку внимателно избрани локации во Скопје и неговата околина во следниот период, а премиерата за публиката и филмските фестивали се очекува во текот на следната година.