Реклама

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Македонија

Почна реконструкција на стариот „Тромеѓански пат“ во Куманово

Општина Куманово започна со реконструкција на улица „425“, позната како стар Тромеѓански…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Куманово започна со реконструкција на улица „425“, позната како стар Тромеѓански пат, во населбата Иго Тричковиќ. Проектот, како што информираше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски опфаќа целосна реконструкција на трасата во должина од 1.540 метри, со што локалните власти очекуваат значително подобрување на сообраќајната инфраструктура и условите за движење на жителите од овој дел на градот. Според најавите од општината, во моментов се изведуваат градежни активности за машински ископ на постојниот слој на асфалт. По оваа фаза, предвидено е поставување дренажен канал, бетонски рабници, изградба на тротоари и асфалтирање на целата траса.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, информира дека реконструкцијата е дел од поширок пакет инфраструктурни проекти кои се реализираат со финансиска поддршка од Владата.

Проектот се реализира со средства обезбедени од Владата преку вториот јавен повик за поддршка на инфраструктурни проекти, што според локалните власти овозможува побрза реализација на зафатите во општинската патна мрежа.

Реклама

-Работните активности се реализираат со финансиски средства обезбедени од Владата од вториот јавен повик за поддршка на инфраструктурни проекти- посочи Димитриевски, додавајќи дека ваквите инвестиции се важни за подобрување на локалната инфраструктура и квалитетот на живот на граѓаните.

Поради тековните градежни активности, од Општина Куманово информираат дека привремено ќе биде изменет режимот на општинскиот линиски превоз на патници на релацијата Бедиње – село Тромеѓа. Автобуската линија број 8 ќе сообраќа до и од автобуското стојалиште кај бензинската станица „Роси Петрол“, која се наоѓа на дел од регионалниот пат Р-1204, во близина на приклучокот со автопатот А2. Од општината појаснуваат дека ваквиот сообраќаен режим ќе важи сè додека не се создадат услови за нормално и безбедно одвивање на сообраќајот на улица „425“, односно на патот кон селото Тромеѓа.