Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Почна расправата за избор на нов државен јавен обвинител

Собранието, денеска, во рамките на 94. седница, ја почна расправата за избор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието, денеска, во рамките на 94. седница, ја почна расправата за избор на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител.

Предлогот на Владата за избор на Савески за државен јавен обвинител пред пратениците го образложи вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

– На Македонија очајно ѝ се потребни правда и владеење на правото. Ѝ треба јасно отворање и процесирање на случаи, кои ќе значат подобрување на имиџот на државата и на обвинителско-правосудниот систем – истакна Николоски на собраниската седница.

Реклама

Тој нагласи дека Савески е професионалец, докажан во својата работа и, како што потенцира, без ниту една дамка во својата професионална кариера. 

– За жал, оваа состојба во која се наоѓа обвинителско-правосудниот систем е состојба што не дава доверба кај граѓаните, состојба што ги тера многумина од граѓаните да не веруваат во системот, почесто да има неправда отколку правда, а и тогаш кога има правда, поради скепсата што постои меѓу граѓаните, тие да се прашуваат дали навистина се донела правилната одлука. Не случајно нема разговор, нема дебата и нема сериозни критики за обвинителско-правосудниот систем, како што не случајно и рејтингот на овие две институции е едвај 2 отсто. Тоа ќе биде сериозна задача за новиот јавен обвинител што го предлагаме, тоа е магистер Ненад Савески, човек кој е долго во обвинителско-правосудниот систем, со сериозен стаж и искуство, човек кој бил обвинител, судија и сега повторно ќе ја има шансата да биде прв меѓу обвинителите – нагласи Николоски.

Додаде дека се работи за човек кој е еден од светлите примери во македонското судство и обвинителство, кој што зад себе нема дамки.

– Имаме човек кој е мотивиран и кој ќе биде првиот што треба да испорача правда во Македонија – нагласи Николоски пред пратениците.

Савески, кој е досегашен судија во Основниот кривичен суд Скопје, на 10 март беше определен од Владата како кандидат за државен јавен обвинител. Тој беше еден од четворицата кандидати за кои Советот на јавните обвинители во февруари годинава даде позитивно мислење. 

Според мислењето на Советот, Савески се истакнува со стручност и квалитет во работењето, поседува углед и етичност, кои се достојни за функцијата, за градење добри меѓучовечки односи и за креирање односи за успешно и ефикасно извршување на целокупната работа.

За изборот на државен јавен обвинител потребни се 61 глас.