Реклама
Свет

Почна процедурата за избор на нов папа – се чека бел чад во Ватикан

Во Ватикан започна процесот за избор на новиот папа. Во строга тајност,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Ватикан започна процесот за избор на новиот папа. Во строга тајност, продолжува векоквната традиција. 133 кардинали со право на глас од целиот свет се затворија во Систинската капела, каде што одлучуваат кој ќе биде 267-миот поглавар на Римокатоличката црква.

Таму се поставени големи маси, а на секоја од нив има молитвеник, список на кардинали и нивните биографии . Сите комуникации со надворешниот свет се прекинати – без телефони, интернет и медиуми – за да се обезбеди целосна изолација и независност на одлуката. Максимум четири гласања се дозволени дневно. За избор на нов папа потребно е двотретинско мнозинство, односно најмалку 89 гласа. Има конец и топчиња кои ќе означат колку гласови добил секој кардинал.

Во пресрет на конклавата, кардиналите ја одржаа својата последна Генерална конгрегација во Ватикан, каде што се согласија дека реформите иницирани од папата Франциск мора да продолжат.

Реклама

Граѓаните на улиците на Рим со внимание го следат процесот, надевајќи се дека наскоро ќе се појави белиот чад – симбол дека е избран новиот папа.

„Ако можеме да го видиме белиот чад, тоа би било нешто… тоа дефинитивно се случува еднаш во животот.“

„Тој не смее да биде премногу затворен. Мора да ги поддржува младите луѓе кои имаат различни вредности од нас. Мора да ја поддржува целата католичка заедница за Црквата да продолжи да расте и да прима нови верници.“

„Скромност, би рекол. Папата Франциск беше многу познат по тоа, а со вестите открив дека повеќе нема потреба од величественост.“

Во моментов, јавно нема изразен фаворит, но според проценките, најмногу шанси им се даваат на италијанскиот кардинал Пјетро Паролин и филипинскиот Луис Антонио Тагле. Италија има најмногу електори – 17, следена од САД со 10, Бразил со 7, Франција и Шпанија со по 5.

Првиот сигнал од капелата се очекува денес попладне – ако чадот е црн, изборот продолжува. Ако е бел – светот има нов папа.