Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Почна да отчукува часовникот за обвинителот Коцевски: Барањето за разрешување стигна до Советот за јавни обвинители

Стигна предлогот од Владата до Советот на јавни обвнители за разрешување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стигна предлогот од Владата до Советот на јавни обвнители за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски, брифираат извори за Алфа, Од денеска течат законските рокови за разгледувањето и произнесувањето за предлогот. За 15 дена, мислењето на членовите на Советот на обвинители треба да биде готово и адресирано до пратениците во Собрание.

„Документот што пристигна денеска од Владата, ќе му биде лично врачен и на државниот обвинител Љупчо Коцевски за да може и тој да се произнесе. Тој нема да учествува на седницата на која ќе се донесе позитивно или негативно мислење, но има право писмено да одговори на обвинувањата во предлогот од владата“ извор за Алфа, Совет на јавни обвинители

Без разлика дали Советот ќе даде позитивно или негативно мислење, или, пак ќе одлучи да си молчи сепак, Владата најави дека постапката за разрешувањето на Коцевски  ќе оди докрај се додека пратениците не гласаат во Пармалентот.

Реклама

Потребни се 61 глас за тој да биде разрешен. Коцевски веќе се изјасни дека јавноста ќе цени дали е законски разрешен, а и покрај сите скандали што го тресат Обвинителството и стопената доверба на ниво на статистичка грешка, тој тврди дека не направил крупна професионална грешка.

Иако владата го нема јавно објавено документот сепак во неколку наврати информираше дека Коцевски има направено крупни професионални грешки, а доказ за тоа се и двата проценти доверба на граѓаните во правосудството.

Имено, Љупчо Коцевски е избран за државен обвинител во февруари ланската година. Добри десет месеци ги преспа и не реагираше ниту за еден голем корупциски скандал во кој беа вклучени функционери на претходната власт од двоецот СДСМ-ДУИ. Од афери за милионски проневери во државни институции, од него видовме само неколку предистраги. Го арзбуди црната листа на САД и новите имиња од ДУИ. Тој ја доби фотелјата од неговиот претходник Љубомир Јовевски кој исто така не покажа добри резултати. Во неговиот мандат се паметат повеќе судење за коишто јавноста гласно зборуваше дека се политички прогон врз неистомислениците со власта.