Реклама

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонија

Почна 21 Меѓународен фолклорен фестивал “Свети Јоаким Осоговски”

 Со песна, оро, традиционални носии и колоритно дефиле низ градските улици, Крива…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Со песна, оро, традиционални носии и колоритно дефиле низ градските улици, Крива Паланка синоќа ја отвори тридневната фестивалската програна на 21 Меѓународен фолклорен фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, манифестација што повеќе од две децении ги поврзува луѓето и културите преку универзалниот јазик на фолклорот.

На фестивалското дефиле низ главната градска улица и плоштадот учествуваа десетина фолклорни ансамбли од земјава и од странство: Полска, Холандија, Црна Гора, Турција, Словачка, Хрватска, Србија и Украина, кои заедно со домашните ансамбли пред публиката ги претставија богатството и убавината на културното наследство.

Фестивалот свечено го отвори градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, кој им посака топло добредојде на сите учесници и гости, посочувајќи ја важноста на фестивалот како место за културна размена, дружење и создавање нови пријателства меѓу народите.

Реклама

-Горд сум што Крива Паланка е домаќин на 21-то издание на оваа прекрасна меѓународна фолклорна приказна, која повеќе од две децении ги спојува традициите, културите и луѓето. Добредојдовте во нашата најубава Крива Паланка, порача градоначалникот Митовски, посочувајќи дека во трите фестивалски денови градот ќе биде обоен со боите и исполнет со звуците на различни традиционални танци и ора.

Со свеченото дефиле и отворањето на фестивалската програма, градот уште еднаш покажа дека традицијата има моќ да ги надмине границите и да ги обедини различностите.

Од службата за комуникација со јавноста на Општина Крива посочија дека овие претпразнични денови градот е една голема интерактивна сцена на која заедно играат различни култури, народи и традиции, во духот на пријателството, почитта и заедништвото.

-Фестивалот „Св. Јоаким Осоговски“ продолжува да ја пишува својата приказна, со песна и оро, со нови средби и нови пријателства, претворајќи ја Крива Паланка во место каде што традициите од целиот свет се среќаваат и живеат заедно, се наведува во соопштението од општината.