Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Прилози

Почина обвинет за трагедијата во Кочани, поранешен главен инспектор во ДЗС

Почина уште едно лице меѓу осомничените во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Љупчо Грнчиштаров, поранешен главен инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување, починал откако му се слошило во неговиот дом додека бил во куќен притвор. Тој беше дел од обвиинението против 35 осомничени функционери во државни институции за кривично дело „тешки […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почина уште едно лице меѓу осомничените во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Љупчо Грнчиштаров, поранешен главен инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување, починал откако му се слошило во неговиот дом додека бил во куќен притвор.

Тој беше дел од обвиинението против 35 осомничени функционери во државни институции за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, поради сомнежи поврзани со издавањето согласност за паркинг просторот пред објектот.

Функцијата генерален инспектор ја извршувал од 2013 до трагедијата на 16-ти март 2025, кога бил осуден на 77 дена ефективен притвор, по што следел куќен притвор кој траел 14 месеци. Од Основното јавно обвинителство  информираат дека е издадена наредба за обдукција со цел да се утврдат причините за смртта.

Реклама

„Јавното обвинителство е известено. Обвинетиот починал откако му се слошило во домашни услови. Основното јавно обвинителство Скопје ќе издаде наредба за обдукција.“, изјавија од Јавното Обвинителство.

Ова е втор смртен случај меѓу осомничените поврзани со трагедијата во Кочани. Во октомври минатата година почина Владо Петров, еден од обвинетите полициски службеници.

Во моментов се водат три судски постапки поврзани со пожарот. Во една од нив обвинети се повеќе од 30 луѓе за истото кривично дело, додека другите две постапки се однесуваат на обвинети полициски службеници.