Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Почина новинарот и поранешен директор на МИА, Живко Георгиевски

На 79-годишна возраст почина Живко Георгиевски, поранашен директор на МИА, долгогодишен новинар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 79-годишна возраст почина Живко Георгиевски, поранашен директор на МИА, долгогодишен новинар и дописник од странство.  

Георгиевски беше директор на МИА од 1998 до 2002 година. Бил директор и на Радио Охрид во средината на седумдесеттите од минатиот век, па дописник на Танјуг и на ред други тогашни југословенски медиуми.

Кариерата во новинарството ја започнал како средношколец во весникот „Вечер“, а продолжил во младинската редакција на Радио Охрид и во други медиуми, посебно со заминувањето во Белград на студии.

Реклама

По заминувањето од Охрид, Георгиевски долго ја водел македонската редакција на агенцијата Танјуг.  Неколку години престојувал во Џакарта, Индонезија, како дописник од тој дел од светот.

По враќањето, станува директор на редакцијата на Танјуг во Македонија.

Пред распадот на СФРЈ го формира Македонското прес биро, а потоа станува директор на агенцијата МИА од каде и заминува во пензија.

Живко Георгиевски ќе биде погребан утре на градските гробишта во Охрид.