Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Победа на Македонија против Лихтенштајн, во 59-та минута публиката скандираше Кочани

Македонската репрезентација во Вадуц победи за Кочани – натпреварот Лихтејнштан – Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската репрезентација во Вадуц победи за Кочани – натпреварот Лихтејнштан – Македонија заврши со резултат 0:3

Во 59-та минута на стадионот во Вадуц околу 1.200 македонци го скандираа името на градот Кочани оддавајќи почит на сите настрадани во дискотеката „Пулс“.

ВИДЕОТО погледнете го тука.

Реклама

Нашата фудбалска репрезентација, во својот најтежок меч во историјата, попладнево во Вадуц, ја победи репрезентацијата на Лихтенштајн со 0:3 во првиот меч од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026

Натпреварот помина во знакот на трагедијата во Кочани во која животот го загубија 59 лица.

Фудбалерите пред почетокот на натпреварот истрчаа на загревање во маици на кои беше испишано Кочани, а симболично во 59-та минута публиката со силен аплауз оддаде почит на жртвите.

Во натпревар со многу емоции, но без преголемо радување на головите, стрелци беа Александар Трајковски во 7-та, Висар Муслиу во 42-та и Бојан Миовски во 84-та минута. Избраниците на Благоја Милевски доминираа од почетокот на целиот натпревар.

Фудбалерите вечерва се враќаат за Скопје, а во вторник го пречекуваат Велс во вториот натпревар од квалификационата група за Мундијалот.

Инаку Фудбалската федерација на Македонија реши да ги пренамени сите средства од продажбата на билети за натпреварот против Велс во мундијалските квалификации и истите ќе завршат на сметката на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.

Се очеува националната арена „Тодор Проески“ да биде исполнета до последно место, а навивачите да дадат голема поддршка за нашите репрезентативци, но воедно да искажат и сочуство за сите семејства кои претрпеа огромна загуба и траума.

Цената на влезниците изнесува 300 и 400 денари. Македонија ќе ја пречека селекцијата на Велс на 25 март, со почеток во 20:45 часот.