Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

По тринеделни борби и неодлучност, Републиканците во Претставничкиот дом на САД конечно избраа нов лидер

Републиканците во Претставничкиот дом на САД конечно ставија крај на тринеделните борби…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Републиканците во Претставничкиот дом на САД конечно ставија крај на тринеделните борби и неодлучноста да изберат лидер.

Нов претседател на Домот е конзервативниот републикански претставник Мајк Џонсон.

„Човек со длабока вера, Мајк е олицетворение на тоа да се биде посветен лидер. Како длабоко почитуван уставен адвокат, Мајк го посвети својот живот на зачувување на големите американски принципи на живот, слобода и потрагата по среќа“, рече републиканката Елиза Стефаник.

Реклама

Долниот дом на Конгресот на САД остана без лидер откако републиканецот Кевин Мекарти стана првиот претседател на Претставничкиот дом кој беше отстранет од власт.

Конгресменот Џонсон со три мандати беше номиниран претходно, откако претставникот Том Емер ја повлече својата кандидатура по објавата на поранешниот претседател Доналд Трамп на социјалните мрежи во која го критикуваше дека е тој само обичен републиканец. За разлика од него, Трамп, пак, го пофали Џонсон.

„Мислам дека на Мајк Џонсон му оди многу добро. Тој беше голем конгресмен, почитуван од сите. Слушам дека тоа е навистина добро. Немам ниту еден негативен коментар за него. На сите им се допаѓа и сите го почитуваат“, рече поранешниот претседател Доналд Трамп.

Џонсон кој сега е трет по функција во САД по потпретседателката Камала Харис – е поборник против абортусот и беше еден од водачите на напорите меѓу републиканските пратеници да ги поништат резултатите од изборите во 2020 година.

Сите 209 демократи во Претставничкиот дом гласаа за нивниот лидер Хаким Џефрис и предупредија дека ставовите на Џонсон се премногу екстремни.

„Дали ова се однесуваше на нешто друго? Дали ова беше во фокусот на републиканците во Домот да ја пронајдат личноста која може да го положи нивниот екстремен лакмусов тест – да се спротивстави на брачната еднаквост, да донесе забрана за абортус на национално ниво без исклучоци, социјално и здравствено осигурување и да поддржи поништување на слободни и фер избори“, рече демократот Пит Агилар.

Американските пратеници имаат само 23 дена до истекот на нацрт-законот за краткорочно финансирање на владата. Се очекува тие да дебатираат и за барањето на Белата куќа за 61 милијарда долари помош за Украина и 14 милијарди долари помош за Израел.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон