Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

По три години координативно тело на градоначалници – се разговара за проектите за Скопје

Со нови подземни сообраќајници и кружни текови, градските власти планираат конечно да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со нови подземни сообраќајници и кружни текови, градските власти планираат конечно да го намалат сообраќајниот хаос во Скопје. Наскоро треба да започне и тендерската постапка за изградба на БТР системот, еден од клучните проекти за модернизација на јавниот превоз. Од наредната година се очекува и пристигнувањето на новите автобуси, што ќе значи голем чекор напред во решавањето на долгогодишните проблеми со превозот во метрополата. Во делот на екологијата, загадувањето ќе се намалува со нови субвенции за инвертери, а се проширува и мрежата за топлификација во деловите од градот кои сè уште не се приклучени. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ги собра градоначалниците од скопскиот регион на првата координативна средба, настан кој се нема случено цели три години.

„Полека, но сигурно ги решаваме состојбите, отпочнавме и процес на тендерски процес за многу од проектите кои што беа ветени во мојата предизборна програма, а ќе значат решавање и на сообраќајниот хаос, но и побезбеден град, како што е Лимак проектот, како кружниот тек во Ѓорче Петров. Субвенции ќе насочиме сериозни, особено во делот на загревање на домаќинствата, за наредната година, тоа ќе треба да го направат општините и веќе го прават најголем дел од нив. Проширување, имавме веќе неколку состаноци со „Топлификација“, на мрежата за загревање, ние имаме централни градски подрачја кои не се покриени на мрежата на „Топлификација““, изјави градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Проблемите со ѓубрето, како што вели градоначалникот, веќе се минато. Наскоро ќе бидат набавени уште 20 нови камиони за чистење на улиците, а ќе се инсталираат и камери поврзани со Сејф сити системот, со кои ќе се санкционираат несовесните граѓани што создаваат мини депонии. Првите казни за фрлање отпад по 22 часот веќе се изречени.

Реклама

„Во главниот град има диви депонии, веќе се работи на дел од нив, веќе се исчистија, особено на оние микролокации по општините каде што помогнаа сите колеги градоначалници“, изјави градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски за најмладите го вети и Луна Паркот, кој во 2027 година треба да биде готов. Новогодишното украсување на градот  годинава ќе почне малку подоцна поради изборите. Во тек е постапската за украсување, која ќе трае уште неколку дена. Во подготовките ќе се вклучат сите градоначалници, а Ѓорѓиевски најави собир на градскиот плоштад, со неколку дневна забава за најмладите. За дочекот ќе настапат Каролина Гочева, Тамара Тодевска и уште неколку изведувачи, без никаква финансиска импликација за градот и соработка со Видео лотарија. Ѓорѓиевски ја поздрави и идејата да се врати старата мерка за избор на најубаво уреден двор и најубава куќа, како дополнителен поттик за разубавување на градот и негова празнична атмосфера.

.