Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

По трагедијата во „Пулс“ дел од повредените се враќаат на обврските

Добар дел од младите луѓе кои беа повредени во дискотеката „Пулс„ полека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Добар дел од младите луѓе кои беа повредени во дискотеката „Пулс„ полека се враќаат на своите редовни активности. Голем дел од нив продолжуваат со работните обврски или се враќаат на факултет. Нивната рехабилитација се одвива добро, а здравствената состојба им е стабилна. До четврток треба да заврши  целосната рееваулација на нивната здравствена состојба.

„Рееваулацијата се уште трае, поради голмиот број на пациенти. Голем дел од нив се вратени на нивните секојдневни обврски. Денес има една група која се еваулира во Скопје. Во два наврати се вршеше еваулација во Скопје и во три наврати во кочанската Болница и завршува званично во четврток во кочанската Болница„ изјави д-р Катерина Паниќ Мирчовска, директорка на Општа болница, Кочани.

 Извештајот  за здравствената состојба на повредените ќе биде доставен до Министерството за здравство, по што ќе биде познато на колку млади луѓе ќе им бидат потребни дополнителни хируршки интервенции. Во наредниот период во нивната рехабилитација, ќе се вклучат и дерматолозите.

Реклама

„Секако ќе стартува и третманот со ласер терапија, со два различни ласери којашто ќе се одвива на Клиниката за дерматологија, во Скопје. Во третманите веќе се вклучуваат и дерматолози . Засега и ние сме задоволни од тоа како се одвива нивниот процес на лекување и рехабилитација” изјави д-р Катерина Паниќ Мирчовска, директор на ОБ-Кочани.

Веднаш по несреќата во дискотеката Пулс, дел од повредените започнаа со лекување и рехабилитација во кочанската Болница. Поради зголемениот обем на работа и потребите за подобри услови беше извршена и реконструкција на Одделението за физикална терапија, со што на повредените млади луѓе им беше овозможен поквалитетен и побрз процес на опоравување.