Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

По Татјана Димитровска – Урнат интегритеттот на антикорупциска, во 2023 пријавени 41, сега 13 кандидати

Оддавањето службена тајна и фалсификатот сертификат на екс претседателката на Антикоруписка Татјана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оддавањето службена тајна и фалсификатот сертификат на екс претседателката на Антикоруписка Татјана Димитровска го урна интегритетот на институицијата и го направи неатрактивно претседателското столче. За фотелјата на првата антикорупционерка, овојпат се пријавиле тројно помалку кандидати од минатиот конкурс. Од 13 пријавени десет го поминаа првиот филтер, што се безмалку 3 пати помалку отколку во 2023, кога Димитровска беше селектирана од вкупно 41 пријавени.

Меѓу избраните десетмина кои денеска и утре ќе ги поминат на интервјуата во Собранието, нема ниту едно звучно име. Најмногубројни се правници, па економисти, но и поранешни вработени во МВР.

Весна Доревска е единственото име кое е веќе споменато во јавноста од Скопје. Таа е дипломиран правник и поранешен помошник-министер за правни работи во МВР. Исто така, таа сведочеше во предметот „Таргет–Тврдина“ за уништување на опремата за прислушкување.

Реклама

Од правниците пријавени се Владимир Наумоски и Антонио Санев, а од сферата на адвокатура доаѓаат Валентина Тодоровска од и Ненад Трифуновски. Бранко Смилевски е економист и магистер по антикорупција, но и актуелен помошник на Главниот ревизор. Конкуренцијата ја заокружуваат Благица Трошанска, раководителка во Министерството за одбрана и магистер по политички науки, Кимо Чавдар, доктор на политички науки, и Адем Чучуљ, актуелен генерален секретар на ДКСК. Кандидат е и Феузи Џафери од Чајле – Гостивар, магистер по дипломатија, кој претходно се кандидираше за Народен правобранител.

Комисијата за селекција, во рок од три дена по интервјуто, ги рангира кандидатите според утврдените критериуми и ги доставува до Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието.

Во рок од два дена, највисоко рангираните кандидати се предлагаат на Собранието во единствена предлог-листа за претседател и членови на ДКСК, со образложение за секој кандидат.

Инаку, поранешната претседателка на АнтикорупцискаТатјана Димитровска, останува во фокусот на јавноста поради судските процеси што ги води Обвинителството за гонење организиран криминал. Против неа се поднесени обвиненија за две кривични дела – оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат, во рамки на предметот „Адитив“.

Според обвинението, Димитровска наводно споделувала доверливи информации со поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, обвинет во истиот случај. Дополнително, ревизор од Државниот завод за ревизија положил тест за класифицирани информации во нејзино име, по што таа добила сертификат за државна тајна.

Во истрагата биле извадени околу 250.000 електронски записи од нејзиниот телефон, кои се предмет на анализа. Судот ѝ изрече мерки на претпазливост – одземање на патна исправа, забрана за користење службена документација и забрана за гласање и распределба на предмети во ДКСК.

Димитровска беше избрана за претседателка на ДКСК во декември 2023 година со 97 гласа поддршка во Собранието, а претходно имаше повеќе од 19 години искуство како државен ревизор.

По поднесеното обвинение таа си поднесе оставка, а Комисијата продолжи да функционира со ротирачки заменик-претседател.