Реклама
Македонија

По скандалозните изјави на Пендаровски за САД и Трамп, реакции од Николоски и Милошоски

Прво ја напаѓаа владата дека е анти НАТО и анти Америка а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прво ја напаѓаа владата дека е анти НАТО и анти Америка а сега им смета што Мицкоски е близок со администрацијата предводена од Трамп. Низа реакции предизвика скандалозниот став на поранешниот претседател Стево Пендаровски дека Македонија не требало да се истрча и да застане прва до американскиот претседател кој според него ги пореметил глобалната рамнотежа и трансатлантската заедница. Не сме биле ние некоја светска велесила па да бидеме први до американската држава, коментира Пендаровски.

Не би истрчувал бидејќи ние не сме светска велесила., секој кој ја води македонската држава, претседател, премиер, мора да знае дека сме мала држава. Она што посебно ме загрижува е позиционирањето на нашата нова Влада во однос на администрацијата на Трамп. Реченицата која ја кажа нашиот премиер Мицкоски по враќањето од Америка дека треба да се навикнеме на ова ново нормално и дека тоа ново нормално ќе го преплави светот е опасна теза. Од новото нормално не се преплавени ниту Америка, Канада, Мексико, Велика Британија, рече Пендаровски во интервју за Сител.

„Стево троши пензијата, не се брукај, не ја руши позицијата на Македонија – реагираше вицепремиерот Александар Николоски по критиките на Пендаровски за надворешната политика на македонската влада.

Реклама

Пендаровски кој иако вети не се откажа од доживотна пензија на грб на граѓаните, го напаѓа Претседателот на нашиот стратешки партнер број 1. Арогантно дели ,,ум” на светски лидери, а сам себе не се гледа. Човекот кој масовно ја злоупотребуваше Агенцијата за разузнавање со наредба да фабрикувааат извештаи за нас од ВМРО-ДПМНЕ дека сме ,,проруски” , ,,антизападни” , ,,антиамерикански” , за мене слушам напишале дека сум претставник на ,,иранско – турско – унгарско влијание” и пуштаа гавази да ги молат стратешките партнери пола од носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ да завршат на црна листа за така да се спасат од пораз, истиот тој сега е најантизападен и најантиамерикански, реагираше Николоски.

Реагираше и поранешниот министер за надворешни работи Милошоски. Според него, проценките на Пендаровски треба да се земаат со голема резерва , бидејќи немаат доследност, а имаат повеќе оговарачка, отколку аналитичка основа.

Тоа што Пендаровски јавно пласира навреди за САД и за нивниот новоизбран претседател може да се смета и како имплицитен став на СДСМ, но и како слобода на говорот. Пендаровски, без разлика што е близок со тимот на Сорос, нема право да го оспорува демократскиот легитимитет на претседателот и владата на САД, реагираше Милошоски.

Дека блиски луѓе до СДСМ се контра Трамп покажа и неодамнешната реакција на аналитичарот Сашо Ордановски кој претседателот на Америка го опиша како релативно лошо образован човек и исклучително нарцисоидна личност со мали културолошки познавања и неонацистичка реторика.

Инаку, власта предводена од Христијан Мицкоски веднаш по доаѓањето на Трамп на власт се позиционираше рамо до рамо со стратешките партнери САД од каде стигна голема поддршка за напредокот на Македонија и иницијатива за продлабочување на соработката помеѓу Скопје и Вашингтон.