Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

По шести пат во Крива Паланка спроведена акцијата „Генералка викенд“

Крива Паланка уште еднаш покажа дека знае, може и сака да ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Крива Паланка уште еднаш покажа дека знае, може и сака да ја чува природата. Со искрена желба за почист, поздрав и позелен град, стотици граѓани, институции, здруженија, волонтери и јавни служби денес се обединија околу една заедничка цел создавање подобри услови за живот и зачувување на природните вредности за идните генерации, преку реализацијата на шестата по ред национална еколошка акција „Генералка Викенд“, информира службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.

Во акцијата активно учествуваа околу 400 учесници кои реализираа активности за чистење на 30-тина локации на територијата на општината, опфаќајќи: јавни и неуредени површини, излезни патишта од градот, речни корита, спортско-рекреативни центри, излетнички места и други јавни простори.

-Резултатите од акцијата се силен показател за колективната еколошка свест и посветеност,собрани се вкупно 153 вреќи разновиден отпад и 35 вреќи селектиран отпад. Покрај теренските активности, во општинските училишта беше реализиран и специјален еко-час, преку кој учениците имаа можност практично да се вклучат во еколошки активности и селекција на отпад, развивајќи свест за значењето на заштитата на природата уште од најрана возраст, додаваат од општината.

Реклама

Градоначалникот Сашко Митовски истакна дека ваквите акции се доказ дека заедништвото и љубовта кон градот носат вистински промени:

-Кога постои воља, организација и искрена грижа за местото во кое живееме, резултатите секогаш се видливи. Чиста и уредена Крива Паланка не е обврска само на институциите, туку заедничка одговорност на сите нас. Благодарност до секој граѓанин, волонтер и институција што денес даде личен придонес за поубава, поздрава и позелена Крива Паланка, рече Митовски, посочувајќи дека оваа масовна еколошка акција уште еднаш потврди дека кога сме обединети околу вистински вредности, можеме да создадеме почиста, поуредена и похумана средина за живот.

Во реализацијата на акцијата учествуваа: Локалната самоуправа, ЈП Комуналец, Црвен крст, Детската градинка „Детелинка“, ООУ „Илинден“, ООУ „Јоаким Крчовски“, СОУ „Ѓорче Петров“, Дом на култура, ТППЕ, Спасителна служба „Спасител“, Извиднички одред „Наум Наумовски Борче“, Центар за активно стареење и бројни други поддржувачи и граѓани, а од општината упатија благодарност до сите учесници, волонтери, институции и граѓани кои со својот труд, енергија и личен пример придонесоа акцијата да биде успешна.