Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

По седум години затвор за Ѓоре Петровски и за Даниел Димески за опожарување куќа во Нежилово

Основниот суд Велес соопшти дека, постапувајќи по обвинителен акт на Основното јавно обвинителство Велес, донел пресуда со која Ѓоре Петровски од село Ореше, Општина Чашка, и Даниел Димески од Прилеп се огласени за виновни за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ поврзано со предизвикување пожар, со што целосно била опожарена куќа во село Нежилово. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основниот суд Велес соопшти дека, постапувајќи по обвинителен акт на Основното јавно обвинителство Велес, донел пресуда со која Ѓоре Петровски од село Ореше, Општина Чашка, и Даниел Димески од Прилеп се огласени за виновни за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ поврзано со предизвикување пожар, со што целосно била опожарена куќа во село Нежилово.

Како што информира Судот, по одржана главна, јавна и усна расправа на 5 јуни 2026 година, на двајцата обвинети им е изречена казна затвор во траење од по седум години. Во изречената казна им се засметува времето поминато во притвор од 16 мај 2025 година до правосилноста на пресудата.

Во однос на третообвинетиот Сашо Муневски од Прилеп, Судот посочува дека тој претходно, во раздвоена постапка, со правосилна пресуда од 16 октомври 2025 година бил огласен за виновен за истото кривично дело и осуден на казна затвор од седум години, која веќе ја издржува.

Реклама

Според обвинението, на 10 мај 2025 година во село Нежилово, месност Капинова, со предизвикување пожар целосно е опожарена куќа сопственост на оштетениот Давид Јорданов од Скопје. Според Судот, за случајот со опожарената куќа во Капиново биле обвинети вкупно три лица – Муневски и Димески како соизвршители, а Петровски како поттикнувач.

Во текот на постапката, Муневски ја призна вината, изрази каење и се извини на оштетениот, додека останатите двајца обвинети изјавиле дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат виновни.