Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

По повод Илинден, Државниот архив претстави документи за темелите на македонската државност

По повод 2 Август – Денот на Републиката, Државниот архив претстави избор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 2 Август – Денот на Републиката, Државниот архив претстави избор на архивски документи и фотографии од своите фондови и збирки, посветени на историското значење на Првото заседание на АСНОМ и темелите на современата македонска државност.

-На 2 август 1944 година, со Првото заседание на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“, беа поставени темелите на современата македонска држава. Со донесените одлуки беше потврдена државотворната идеја на македонскиот народ и беа утврдени основите на слободна, рамноправна и демократска Македонија, истакнуваат од Државниот архив.

Меѓу најзначајните одлуки од тоа историско заседание се прогласувањето на македонскиот јазик за службен јазик, како и усвојувањето на Декларацијата за основните права на граѓаните на Демократска Македонија, со која беа загарантирани еднаквоста и основните слободи на граѓаните.

Реклама

Преку изложените архивски материјали, Државниот архив им овозможува на граѓаните да се запознаат со автентични документи и фотографии што сведочат за историските настани и одлуки со кои беа поставени темелите на македонската државност.

Од институцијата нагласуваат дека изложбата претставува потсетник за значењето на АСНОМ и за трајните вредности врз кои се темели нашата државност.