Реклама

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Прилози

По откриените слабости во  „Мој Термин “, лекарите бараат обединување на системот и сите институции

Унифицирање и надоградба на ,,Мој Термин,, би било најдоброто решение за  беспрекорно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Унифицирање и надоградба на ,,Мој Термин,, би било најдоброто решение за  беспрекорно функционирање на системот. Проблемите со паѓање на мрежата и недостапност на термини за специјалисти  биле многу чести во изминатиов период. Затоа матичните лекари сметаат дека со спојувањето на сите институции и ,,Мој Термин,, и нивното ставање под ингеренции на Министерството за здравство би било најдоброто решение. Така министерот ќе може да креира подобри здравствени политики.

–Министерствот за здравство да ја преземе функцијата од Мој Термин. Сите такви институции мали кои што се да бидат под негова контрола, така министерот би можел да има подобра ситуација за креирање на здравствени политики. Кога би ги имал сите регистри во увид, бројката на здравствени установи, кога би имал бројка на здравствени лица кои што работат регионално какви дијагнози колку услуги се извршиле. Така би имал информација за креирање на добар географски информативен систем во делот на здравството–вели др. Лилија Чолакова Дервишова.

Наместо матичните да се справуваат со административни работи, со интегрираниот систем што го предлагаат, ќе можат со еден клик да ги внесат сите потребни податоци. Ова не е нешто непознато. Во Шведска и Данска се знае колку акутни дијагнози има на дневно ниво, и затоа матичните лекари бараат уште поголема функционалност на елекронското здравство.

Реклама

-Сајбер секјурити или сајбер безбедноста на овие податоци кои што ги има во ,,Мој Термин,, мора да биде на највисоко ниво бидејќи таму се податоци кој од што е болен, кој каде оди се лекува  и така тоа се лични податоци кои мора да бидат заштитени на највисоко ниво–вели др. Лилија Чолакова Дервишова.

За проблемот со зголемените побарувања за закажување на ,,Мој Термин,, лекарите велат дека  се должи на стареењeто на популацијата и појавата на многу заболувања. Решението го гледаат во распределба на пациентите и вршење на специјалистички прегледи и во здравствените установи во внатрешноста, со што ќе се намали притисокот врз скопските клиники. Не забележале проблем со СМС пораките, ниту пак добиле поплаки од пациентите дека не биле навремено известени, или пак, биле направени пропусти во заштитатата на личните податоци. Државниот завод за ревизија,  во својот вчерашен извештај, нотира сериозни слабости во функционирањето, безбедноста и управувањето со системот Мој термин. За одржување на сите јавни здравствени установи биле потрошени 333,3 милиони денари односно 5,42 милиони евра, при што само 9 отсто од оваа сума, завршила за одржување на  националниот здравствен информатички ситем.