Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Прилози

По недели хаос со отпадот, Скопје полека се чисти

Скопје полека се чисти. Во поголемиот дел од општини се средија мини…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје полека се чисти. Во поголемиот дел од општини се средија мини депониите и контењерите се испразнија, а за среќа и дождот ги изми тротоарите и  улиците. Општините со своја механизација излегоа на терен и постепено го средуваат хасот со ѓубрето кое се натрупуваше со недели. 

Помош во механизација и луѓе пристигна и од градовите од внатрешноста, како Куманово, Велес, Кавадарци. Алфа во обиколка – тргнавме од Карпош, поминавме низ Центар, па продолживме кон Чаир и Бутел. Сепак ѓубре останало на некои места и се чека на Комунална хигиена.

И граѓаните гледаат подобрување на сликата, но се револтирани за тоа што Скопје се доведе до еколошка катастрофа. Разочарани се од градоначалничката Арсовска, но и  апелираат за повисока граѓанска свест.

Реклама

Контињерите се ипсразнија, ама Вардар се наполни. Огромни количества ѓубре, пластични шишиња, ќеси и разни други отпадоци, можеа да се видат во водите на реката. Сомнежите се дека ѓубрето во реката најверојтно доаѓа од дивите депонии што се наоѓаат во горниот тек, покрај неговото корито. 

Епидемиолошката состојба во Скопје е стабилна. Институтот за јавно здравје излезе со препораки до граѓаните за одржување на лична хигиена при ракување со отпад, како што е користење на ракавици, маска и миење раце.