Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

По изгласаната недоверба, се бараат оставки од Дамева, Црвенковска, Мустафа, Чачарова – Илиевска и Адеми

Морална одговорност и напуштање на позициите очекува премиерот Христијан Мицкоски од петмината…

Сподели:

Морална одговорност и напуштање на позициите очекува премиерот Христијан Мицкоски од петмината членови на Судскиот Совет, на кои им беше изгласана недоверба во Собранието. Заменик-министерот за правда Ален Деребан, пак, го повика Судскиот совет итно да закаже седница и да расправа за заклучоците на Собранието, а членовите опфатени со интерпелациите да си поднесат оставки.

Собранието на седницата во вторникот изгласа недоверба на петмината членови на Судскиот совет, избрани од Собранието – Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска и Селим Адеми. Зад иницијативата за интерпелации, поднесена на 7 февруари, застанаа 67 пратеници од владејачкото мнозинство, но за заминувањето од функциите на петте члена на Судскиот совет ќе треба да одлучат самите, а така налага и Законот за Судски совет.

Премиерот Мицкоски вчера во изјава за медиумите рече дека очекува Дамева, Црвенковска, Мустафа, Чачарова – Илиевска и Адеми да ги напуштат позициите, затоа што немаат кредибилитет да бидат на тие места.

Реклама

„Јас очекувам нивна морална одговорност и да ги напуштат позициите коишто ги имаат заробено, затоа што немаат никаков кредибилитет да бидат на тие места, изјави Мицкоски.„Јас очекувам нивна морална одговорност и да ги напуштат позициите коишто ги имаат заробено, затоа што немаат никаков кредибилитет да бидат на тие места,“ изјави Мицкоски.

Заменик-министерот за правда Деребан рече дека изгласаната интерпелација значи дека тие немаат легитимитет да земаат учество, а уште помалку да одлучуваат во рамки на Советот.

„Судскиот совет мора да ја разгледа оваа интерпелација. Да закаже итна вонредна седница по однос на истото, а од нив очекувам да поднесат неотповикливи оставки. Прво, треба да разјасниме дека тие пет членови не се судии, туку се носители на јавни функции на кои се избрани од Собранието. Собранието, согласно Уставот, е надлежно да врши надзор над нивната работа. Интерпелацијата е уставна категорија и вчерашната интерпелација, која им беше изгласана на овие пет члена на Судскиот совет, избрани од Собранието, е многу сериозна работа и мора да биде сфатена сериозно, затоа што со истата се утврдува дека овие пет члена имале значителен придонес во загрозување на независноста и угледот на судството и судската власт, но и значителен придонес за намалување на довербата на граѓаните во судството,“ рече заменик-министерот.

Според него, каква било квалитетна законска рамка и да имаме, доколку, како што рече, не се почитуваат, не може ништо да се спроведе.

„Министерството за правда продолжува со преземање на сите чекори кои значат реформи во правосудниот систем преку донесување на нови законски решенија. Меѓутоа, како што кажав, најважното за правосудниот систем е почитувањето на тие законски решенија од страна на чинителите. Не дека претходните законски решенија биле лоши, туку станува збор за селективна примена на Уставот и законите на Република Македонија,“ рече Деребан.

Во моментов се работи на измените и дополнувањата на Законот за Судскиот совет, формирана е нова работна група и, како што кажа Деребан, се очекува најдоцна до јуни истиот да биде донесен во собраниска процедура.