Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Прилози

🎥 По години запоставеност – Археолошкиот музеј со голема поставка ќе се реотвори на 8 септември

Артефактите кои претходното раководство ги сокри во подрумите и депоата повторно се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Артефактите кои претходното раководство ги сокри во подрумите и депоата повторно се враќаат во витрините. Археолошкиот музеј на Македонија се подготвува за долгоочекуваното обновување на својата постојана поставка која ќе ги опфати сите клучни периоди – од праисторијата до средниот век. Најголемо внимание ќе биде посветено на антиката односно времето на Александар Македонски.

Ќе ги споменам златната остава од Марко гроб од Неготино, тоа се состои од масивни златни фигури, гердани, златна пиксида, златни монети од времето на Филип Втори и Александар Трети Македонски. Во таа витрина се претставени штитот со натпис на Базилиос Деметриос. Махаера, тоа е мечот кој бил составен дел на вооружувањето на македонската војска и врвови од копја исто кои биле дел од вооружувањето на еден војник кој бил член на таа војска“, изјави археологот Перо Арџанлиев.

Подготовките се во полн ек, а големото реотворање е закажано за 8 Септември, Денот на независноста. Оваа поставка е и придонес на музејот кон одбележувањето на еден од најзначајните датуми во современата историја на Македонија.

Реклама

„Во полна пареа се подготовките во музејот кој што ќе траат во текот на месец август, големото реотворање со нови содржини со нови археолошки предмети е закажано за 8 септември. Наоди кои што за првпат ќе бидат изложени, наоди кои што долги години биле во музејските депоа и се надеваме дека на соодветен и на малку поинаков начин ќе успееме да ја доловиме историјата на Македонија“, изјави директорката на Археолошкиот музеј Магдалена Манаскова.

Иако музејот активно работи на новата поставка, тој останува отворен за посетители. Новиот објект на Археолошкиот музеј кој се протега на над 6.000 квадратни метри почна со работа пред 10 години, а претходната власт целосно го запушти и сокри дел од експонатите, особено оние од антиката.