Реклама

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Македонија

По една деценија, од денеска граѓаните ќе можат да ги земат новите лекови на позитивната листа од аптеките

9-те лекови на проширената позитивна листа, за висок крвен притисок, срцеви заболувања,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

9-те лекови на проширената позитивна листа, за висок крвен притисок, срцеви заболувања, третман на депресија и за деменција, од денеска пациентите можат со рецепт да ги земаат во аптеките. Но ова е само почеток, велат здравствените власти и премиерот. Министерот Таравари уверува дека најави дека отсега на секои три до четири месеци ќе има надополнување на позитивната листа од плус еден до три лекови.

И премиерот Мицкоски вели дека надополнувањето на позитивната листа нема да застане тука.Тој вели дека Владата ќе се залага на неколку месеци да се додаваат нови лекови, затоа што според него граѓаните заслужуваат современа и поевтина терапија.

Во периодот што следи ќе гледаме на секој квартал по еден-два до три лека да ги ставаме на таа позитивна листа и тоа да биде пријатно изненадување за граѓаните. Со овие 9 генерички лека, мислам дека драматично ќе се подобри понудата и ќе се заштедат средства коишто досега ги плаќаа на приватна сметка граѓаните, а сега ќе бидат на товар на Фондот“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Реклама

Ставањето нови лекови на позитивната листа во пракса значи дека пациентите ќе добиваат посовремени и поевтини лекови на рецепт, на товар на државата, наместо да плаќаатт од џеб и поскапо -често и од други држави. Затоа што листата не беше ажурирана повеќе од една деценија, граѓаните добиваат застарени лекови, иако постојат нови и поефикасни за нивната болест.