Реклама

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Македонија

По две децении власт, ДУИ сега најавува ветинг за функционерите

За да станеш функционер во Македонија одобрение да даваат САД, ЕУ и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За да станеш функционер во Македонија одобрение да даваат САД, ЕУ и НАТО, ова е предлогот на канидатот на ДУИ, за претседател на државата, Бујар Османи кој во интервју за косовска телевизија најавува така наречен ветинг на носителите на политички функции преку меѓународен одбор. Практично за да можеш да имаш фунција, според предлогот на Османи, амин треба да ти даде меѓународната заедница.

„Ќе биде дел од мојата платформа како претседател, да има „ветинг“ за сите носители на јавни функции. Што значи тоа? Меѓународен одбор кој ќе ги проверува во две насоки носителите на јавни функции; една- во безбедноста, дали имаат некаква врска со рускиот интерес и втора- со корупција и организиран криминал. И ќе бараме НАТО, ЕУ и САД да бидат во тој одбор поради безбедносното прашање. Овој одбор дава сертификат на секој носител на функција, почнувајќи од нас самите“, вели Бујар Османи. (12.03.2024)

Според дел од аналитичарите, ваквата изјава и предлог на Османи се спорни по многу прашања. Особено зошто интегративиците тоа го најавуваат сега, иако на власт се 20 години. Тоа до сега можеле да го направат, а од друга страна се поставува прашањето зошто немаат доверба во македонските институции да прават ветинг? Зарем не веруваат во инистуциите со кои безмалку 2 денцении владеат.

Реклама

Професорот Звонимир Јанкуловски за Алфа вели дека целиот концепт, целата замисла е малку небулозна и не се соодејствува со фер и демократски избори со кои нормално се соочуваат идеи кои се различни, како по одредени прашања од геополитчки карактер, така и по политичките прашања за начинот на кој ќе се гради демократијата и како политичките проблеми во државата ќе бидат решавани.  Ваквата идеја дирекно задира во суверенитето на државата, смета Јанкуловски.

Се што прават, начинот на кој размилсуваат, го прават суверенитетот флуиден и го доведуваат во прашање и нејзиното независно водење на својата внатрешна и надворешна политика. Всушност и контекстот на начинот на кој се обраќа Османи и местото на кое што е дадена изјавата, едноставно не знам во кој политчки амбиент се обидува да ги добие гласовите и чии гласови се обидува да добие во претседателската кампања, освен оние на граѓаните на Македонија без разлика на етничката припадност, вели Звонимир Јанкуловски – универзитетски професор.

Јанкуловски посочува дека изјавите на челниците на ДУИ покажуваат полторнство и недоверба во инстутциите кои Македонија ги градела. Со ваквите изјави ДУИ иско се долги години на власт покажуваат дека речиси и ништо не сработеле. Професорот за Алфа вели ако ДУИ бара некој друг да одлучува за она што значи политчки амбиент во државата, е контадиркторно со тоа што они велат дека се, односно проевроспка партија односно како ќе ја водат кампањата за проевропска Македонија кога еднставно самите тие го одрекуваат европскиот карактер на државата.