Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

По децении запоставеност, ќе се реновира прилепската Пошта

Импозантната зграда на прилепската Пошта, која датира уште од 1979 година, по децениска целосна запоставеност, ќе биде реновирана. Ова станува приоритет по повеќегодишното руинирање на објектот, а особено по кражбата на покривните бакарни плочи на зградата, што се случи пред неколку месеци. Според директорот на Македонски пошти, реновирањето на поштенските згради низ земјава ќе се […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Импозантната зграда на прилепската Пошта, која датира уште од 1979 година, по децениска целосна запоставеност, ќе биде реновирана. Ова станува приоритет по повеќегодишното руинирање на објектот, а особено по кражбата на покривните бакарни плочи на зградата, што се случи пред неколку месеци.

Според директорот на Македонски пошти, реновирањето на поштенските згради низ земјава ќе се одвива согласно степенот на нивната руинираност.

„Другиот месец планираме во Куманово да ја почнеме, бидејќи направивме анализа на тоа во кои подружници условите се најлоши. Во Подружница Куманово од 1987 година не е инвестирано ништо. Па, полека ќе продолжиме во Штип, каде што состојбата е исто така лоша. Ќе продолжиме со инвестиции, нема да застанеме. Добро е што Владата стои зад нас и ни помага за сите наши проекти што сме ги побарале од нив“, изјави Орхан Куртиши, генерален директор на Македонски пошти.

Реклама

„Ние, како локална самоуправа, стоиме на располагање да им ја понудиме целосната поддршка од административно-технички аспект и со заеднички сили да го обновиме ова навистина убаво здание“, посочи Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Децениската колабираност на Македонски пошти Владата започна да ја решава од почетокот на годинава, со нормализирањето на исплатата на платите, а пред два месеци набави и 100 нови, современи поштенски возила, кои ќе бидат опремени и со камери за поголема сигурност на пратките.

Со ова, според надлежните, ќе се враќа довербата кај македонските граѓани. За Општина Прилеп, заедно со неколку соседни општини, доделени се четири возила.

„Со оваа и со наредните инвестиции што ги планира Владата, мора да ја вратиме довербата во Македонска пошта како најсигурен и најбезбеден сервис на граѓаните на Македонија“, вели Милена Јованоска, директорка на Македонски пошти – Подружница Прилеп.

Инаку, во прилепската Пошта вкупно се вработени 65 лица, со можност за нови вработувања.