Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

По четири години пауза, во Вашингтон се одржува нова рудна од стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД

Редок минерал, директен извоз кон Сад и нов индустриски циклус – рудата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Редок минерал, директен извоз кон Сад и нов индустриски циклус – рудата „антином„ од кривопаланечко станува една од најсилните економски карти што Македонија ја носи во Вашингтон како дел од понудата за стратешкиот дијалог со САД. Во селото Луке, каде ја има оваа руда, која се користи најчесто во металургијата, електрониката и производството на батерии, како и во огноотпорни материјали, се очекува да започне прокет што може да ја смени локалната и националната економска слика. Односно Македонија да има голем економски бенефит од ова приордно богатство.

Антимонот, како стратешка суровина, веќе е на радарот на големите индустрии. Планот на Владата е јасен – експлоатација тука, извоз во САД и преработка во Оклахома, вели премиерот.

Тоа значи – влез во затворен производствен циклус, но и директна врска со американскиот пазар.

Реклама

„Истовремено да се промовира една инвестиција во еден значаен производен објект, а тоа е, тоа е рудата антимон која што ќе се експлоатира во близина на село Луке во Кривопаланичкото село Луке. Редок минерал, нешто коешто навистина може за нашата економија да значи многу. Веќе таму истрагите се при крај и очекувам многу скоро да биде тоа започнато. Ќе се извезува во Соединетите Американски држави. Од инвеститорите ја добив информацијата дека топланицата би се градела во Оклахома во Соединетите Американски држави.“ – вели Мицкоски.

Но, во Вашингтон нема да се зборува само за рудата, во план е и разработка на темите како дигитализација, вештачка интелигенција, апликации – и нивна реална примена. А токму тука влегуваат и најавените дата центри – кои ќе им се нудат на американците, а можат д ја стават Македонија на мапата за новата економија во дигиталниот свет. Премирот најави дека веќе има 4 компании кои се заинтересирани да инвестираат во тоа поле.

„Јас имав состанок со четири компании кои што имаат искуство во оваа област и кои што сакаат да инвестираат кај нас. На дел од тие инвестиции веќе работиме во нивна подготовка. Станува збор за сериозни и озбилни инвеститори и озбилни инвестиции. Кога ќе можам повеќе да споделам со јавноста ќе споделам затоа што не би сакал да кажувам нешто додека не бидам сто проценти сигурен дека тоа ќе се, ќе се случи.Но, доколку се случи еве да, да предпоставиме, ќе имаме огромна, огромна додадена вредност во македонската економија.“ – рече премиерот.

Дијалогот со САД оди пошироко – енергетика, инфраструктура, одбранбена индустрија. На маса ќе биде и „Чебрен и Галиште“ – проект што со години стои, а сега повторно се нуди пред американски инвеститори, вели Мицкоски.

Втората сесија од стратешкиот дијалог доаѓа по пауза од четири години – со владина делегација предводена од министерот Тимчо Муцунски и ресорни министри за безбедност, одбрана, дигитализација и енергетика.