Реклама

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

Македонија

По 12.000 денари за новороденчињата и пакет производи за мајките од Кисела Вода

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената-8 Март, Општина Кисела Вода ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената-8 Март, Општина Кисела Вода ја зајакнува поддршката за семејствата со новороденчиња преку зголемување на финансиската помош на 12.000 денари и воведување на нова придобивка – пакет со основни производи за мајките и нивните бебиња.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и претседателката на Советот, Светлана Колариќ, денеска доделија 105 ваучери на семејства со новороденчиња, со што ја официјализираа новата мерка, која има за цел да обезбеди дополнителна поддршка во првите денови од мајчинството.

„8 Март е Денот на жената, симбол на силата, љубовта и пожртвуваноста на жените. Тоа е ден кога ја славиме нивната улога во општеството, во семејството, како носители на новиот живот и столб на секоја заедница. Токму затоа, во пресрет на овој голем ден ја започнуваме новата мерка со која на секое новороденче во нашата општина ќе му биде доделена двојно поголема финансиска поддршка – наместо досегашните 6.000, од сега исплаќаме по 12.000 денари. Дополнително, за првпат, во рамки на оваа мерка, мајките добиваат и пакети со основни производи за првите денови од мајчинството, производи наменети за грижа и нега на здравјето на мајката и новороденчето, затоа што секој нов живот заслужува максимална грижа и поддршка. Посебна благодарност упатувам до компанијата “Мако Маркет”, која со својата општествена одговорност помогна во реализацијата на овој сегмент од мерката и со која договоривме истата континуирано да се спроведува во текот на целата година. Оваа иницијатива ја претставуваме токму на 8 Март, во чест на сите мајки, ќерки, баби, сестри – сите жени, кои со својата сила, љубов и труд го движат нашето општество напред“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.