Реклама
Прилози

Платите на судиите достигнуваат и до три просечни, додека довербата во судството е на историско дно

Судиите во Македонија земаат плата двојно поголема од просечната, а само неколумина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судиите во Македонија земаат плата двојно поголема од просечната, а само неколумина кои се на врвот на судските институции се со плата висока колку три просечни плати. Нивните примања се движат од 86.000 денари, па се до највисоката на претседателот на Судскиот совет, која изнеува 123.000 денари. Лани од буџетот потрошени се над 12 милиони евра за платите на 380 судии во сите судови во земјава. Платата на судиите се пресметува согласно основицата зза пресметување на плата на функционерите. Во 2024, основицата изнесува 61.984 денари согласно просечната месечна бруто-плата од претходната година според Државниот завод за статистика. Основицата се множи со коефициентот за утврдување на платата на судиите и е од 2,8 до 3,7. Судиите се поделени во шест групи според она каде и што судат, па така им се поделени и платите.

Платите на судиите за 2024 во нето:

Од Основен суд: судија зема 86.623 денари, претседател 92.666 денари.

Реклама

Од Основен суд со проширена надлежност: судија – 89.846, претседател – 99.112, денари

Од Апелација: судија зема 99.112, претседател – 108.379 денари

Од Управен суд: судија зема 101.933, претседател – 111.199.

Од Виш управен суд: судија – 103.947, претседател – 112.811.

Од Врховен суд: судија зема105.156, претседател – 114.422.

Претседателите на Основен суд Скопје 1 и Основен суд Скопје 2 земаат 105.156.

Претседател на Судски совет – 123.689 денари.

Деновиве на платите на судиите ја брануваат авноста. Се јави дилемата дали тие ги заслужуваат овие плати со оглед на тоа што граѓаните имаат ниска доверба во судскиот систем, а тие бараат поголем поголем буџет за нови кадри. Години наназад се жалат дека Македонија нема доволен број на судии и тие мора да се селат или патуваат до други градови поради дефицитот.  

Платите на судиите енормно со одлуката на Уставниот суд од март 2023-та за укинување на основицата од 25.000 денари за пресметка на платата на функционерите, па како основ се зеде просечната плата која е речиси двојно поголема и го укина замрнувањето коефициентите. Со тоа за 78 % се зголемија платите на 1.050 избрани и именувани лица, а меѓу нив се и судиите.

Тогашната власт се правдаше дека таков бил законот и неможат да одат против Уставот. Владата на СДСМ не направи ништо иако имаше бурни реакции. Во тоа време на протести за поголеми плати излегоа здравствените работници, судските работници, пензионерите, а студентите се жалеа дека гладуваат додека функционерите се луксузираат со зголемување на и онака високите плати. СДСМ дури пред крај на мандатот се обиде да купи поени со тоа што поднесе предлог за намалување на коефициентите. Кон прајот на 2024, ВМРО ДПМНЕ поднесе предлог закон до Собрание со кој спречи покачување од уште околу 400 тини евра на примањата на  премиерот, судиите, членовите на судски совет, совет на јавни  обвинителите, пратениците и градоначалниците.