Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Економија

Платформа: 100% посветени за тебе – „Проекти, инвестиции и реформи во економијата, финансии и јавна администрација“ 

Поддршка за реални инвестиции, зголемување на продуктивноста, засилена наплата на даноци и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поддршка за реални инвестиции, зголемување на продуктивноста, засилена наплата на даноци и царини , мерки за работодавачите – Владата презентираше како до повисок економски раст. Според министерката за финансии, за подобар животен стандард не е потребен само пораст на плати, туку подобрување на сите сегменти.

Димитриеска Кочоска вели дека јавните финансии се стабилни , но државната каса се уште е оптоварена од извршни решенија и камати оставени од минатата власт.

 „Без реални инвестиции нема раст. Кога го менуваме концептот размислуваме што може да даде побрзи резултати и врз основа на анализите одлучивме да дадеме поддршка на општините, затоа што тие имаа готови проекти коишто ќе дадат побрзо ефекти. Тоа се реални инвестиции и тие ќе дадат резултат и врз растот на БДП, на што исто така влијание ќе имаат и инвестициите во приватниот сектор за што се предвидени 250 милиони евра од унгарскиот заем„, рече министерката и додаде дека ваквиот модел значи повисок животен стандард.

Реклама

Министерот за економија пак смета дека економијата ќе расте преку зголемување на продуктивноста, а не само преку раст на минималецот

За нас како главна стратешка определба е подобрување на перформансите на економијата, не може од една страна да растат платите на работниците, а од друга страна да нема продуктивност. За нас клучно е овие проблеми да ги решиме заеднички преку социјален дијалог, на тој начин може само да изградиме добра и стабилна економија. Ако немаме добра и стабилна економија тогаш не можеме да зборуваме за напредок на државата, рече Дурмиши

Повисоките приходи во Буџетот се должат на зголемената наплата преку УЈП и Царина. Директорот на царинска управа вели дека успеале да наплатат повеќе преку заслени контроли

Зголемените контроли на Царинската управа резултираа со повисока наплата на приходи во износ од 35,4 милијарди денари остварени во 100 дена, што е за 9,2 проценти или 3 милијарди повеќе од минатата година. Преку засилување на контролите е евидентиран зголемен пријавен увоз на цигари, возила и облека, истакна директорот на Царинска управа,

Во рамки на платформата 100 отсто посветени за тебе на тема Проекти, инвестиции и реформи во економијата и јавна администрација беше потенцирано колку се важни реформите во јавната администрација. Ред се очекува да се воведе со пакетот закони за реформи кои беа повлечени од собранието и сега се дискутираат преку јавни дебати .

На настанот беше најавено и дека Агенцијата за вработување ќе започне со мерки за поддршка на работодавачите со цел намалување на невработеноста. Големиот јаз помеѓу невработени и отворени работни места се должи на тоа што луѓето кои бараат работа не се квалификувани за она што се бара.